Градот како просторен феномен го дефинираат посебни ентитети, односно дистинктивни облици на просторната конфигурација и нивните меѓусебни односи во морфолошката конституција на урбаниот простор. Низ повеќе

Урбанизацијата е сложен, комплексен, доминантен и динамичен процес во просторниот и вкупниот општествено-економски развој на државата и таа треба да претставува основна рамка и влијателен фактор во насочувањето на долгорочниот просторен развој на Република Македонија
Урбанистичкото планирање е континуиран процес, којшто се обезбедува со изработување, донесување и споведување на урбанистичкиите планови. Изработувањето и донесувањето на урбанистичките планови е работа од јавен интерес. Со урбанистичкото планирање се обезбедува порамномерен развој, рационално уредување и користење на просторот, услови за нормално живеење и работа на граѓаните.
Новото време, во кое континуирано се одвива процесот на транзиција, носи крупни политички и економски промени коишто генерираат структурни промени во општеството. Динамиката на овој процес има свои импликации врз создавање нови просторни односи и ја условува потребата од планска артикулација на просторот на Градот.
Промената на просторните констелации нужно налага евалуација на процесот на урбанизација, територијалниот и морфолошки развој на просторот-агломерацијата, преиспитување на урбаните процеси, просторна консолидација и воспоставување конзистентен урбан модел.
Процесот на системски трансформации во државата бара поинакви урбанистички одговори за просторните потреби, урбанизам којшто на нов начин и со поинаков сензибилитет ќе реагира на наследените просторни предизвици, со примена на динамичност, флексибилност и одржливи урбани модели, коишто симултано ќе се адаптираат на интензитетот и брзите глобални промени.
Актуелните општествени промени имаат значително влијание врз процесот на урбанизацијата преку неговите основни компоненти: демографска, функционална и просторно-физичка компонента.
Севкупната постапка во урбанистичкото планирање и самиот методолошки пристап во изготвување на плански документи се состои во процес на истражување, анализирање и планирање.
Методолошки пристап за изработка на плански документи, коишто по својата природа и мултидисциплинарна проблематика што ја обработува, подразбира тимска работа, дефинирана како комплексен и динамичен систем, со синтдисциплинарен приод (како највисок степен на интердисциплинарноста) со синтеза на повеќе нивоа на планирањето.
Основни методолошки принципи на кои се засновува планските документи се: принцип на комплексност и интегралност, интердисциплинарност, динамичко-структурален приод и принципот на демократичност и транспарентност.
Во основа на оваа методологија се критериумите на просторен развој, организација, користење и заштита на просторот, базирани на принципите на одржлив развој, што подразбира синхронизирано вклучување на голем број стручни и научни лица, експерти од различни области и институции, компетентни структури од општествениот, економскиот и политичкиот живот.
Со синхронизирана интердисциплинарна обработка и примена на различни методи и постапки од различни сектори на истражување и нивно координирање во согласност со поставените цели на планските документи, се формулира концептуална рамка и проспекција на временскиот, просторниот и содржинскиот опфат на истите. Во нив се застапени трите временски хоризонти: долгорочност - со пристапот да не се спречи развојот на просторот-агломерацијата за потребите на другите генерации, среднорочност во рамките на планскиот период и преку етапено планирање разрешување на актуелните проблеми во развојот на просторот-агломерацијата.
Главните чекори во постапката на изработка на планските документи се поставени во методолошка рамка. Методите на анализа, дијагностицирање, предвидување и планирање на урбанизацијата кои се применуваат во истите или неговите сегменти се:
Симбиозата на интуитивните и планификациските методи со другите основни методи, овозможува создавање на единство помеѓу анимирањето на креативни стручни кадри и институции за постигнување на консензус на можностите и потребите од една страна, и најширокото општествено учество од друга страна, кое ќе гарантира целосна демократичност и транспарентност.
Интензивниот демографски, функционален и просторно физички развој на просторот-агломерацијата од една и депресираниот развој во руралните средини на истиот од друга страна се главни одлики коишто го карактеризираат урбаниот развој во изминатиот период.
Процесот на урбанизација се одвива во општествено-економски услови во кои приватната иницијатива и пазарното стопанство имаат значајно место и насочувачка улога во дефинирањето на перспективниот долгорочен просторен развој.
Последните неколку години од периодот на транзиција се отвараат можности за нивелирање на разликите и диспропорциите во урбаниот развој, преку иницирање на активности за урбанизирање на просторот-агломерациите коишто се подалеку од урбаните простори, но доволно атрактивни за потенцијалните инвеститори. Интересот за урбанизирање на овие простори-агломерации е од различни области и со разни намени. Од просторен аспект, овие иницијативи се најприсутни во контактните зони, а помалку како тенденции за експанзија на агломерациите.
И покрај ваквите тенденции, се уште е евидентен процесот на силно влијание на градските агломерации врз непосредното опкружување. Ова влијение е соодветно на големината, степенот на економски развој и местото и улогата во рамките на системот на населби во државата.
Поради тоа сеуште е актуелна неусогласеноста помеѓу порастот на нивото на урбанизираност (искажан преку високо ниво на популациска концентрација во урбаните центри) и динамиката на стопанскиот развој и достигнатото ниво на економска развиеност. Овој расчекор претставува основна причина поради којашто процесот на урбанизација не претставува, во сите сегменти, позитивен влијателен фактор на вкупниот развој.
Со отварањето на процесот на децентрализација, локалната самоуправа прерасна во најодговорен субјект за планирање и локален економски развој. Успешното менаџирање, наметнува потреба од донесување на квалитетни годишни програми за изработка на планска документација на ЕЛС, како основна алатка и механизам за реализација на стратешките цели на просторниот и економскиот развој. Изработката и донесувањето, а особено имплементирање на планските документи е конкретна одговорност на локалната самоуправа, којашто во голема мера зависи од квалитетот на локалните програми за развој, расположивиот буџет на општините и можноста за привлекување на локални и надворешни инвестиции.
Правото на сопственост или друго стварно право на определен дел површина од градежното земјиште, постоењето на просторните и урбанистичките планови и почитувањето на правилата и нормите за изградба на градби се неопходен услов за остварување на основната човекова потреба за постојано место на живеење и за вршење на активности со коишто ја обезбедува егзистенцијата за себе и за своето семејство, како и за остварување на потребата на правните лица за деловен простор.
Градот како просторен феномен го дефинираат посебни ентитети, односно дистинктивни облици на просторната конфигурација и нивните меѓусебни односи во морфолошката конституција на урбаниот простор. Низ повеќе
Изградбата на ТУРИСТИЧКО РАЗВОЈНА ЗОНА, ќе биде во функција на развој и унапредување на економијата и инфраструктурната опременост во ова подрачје, а и има добра повеќе
Планскиот опфат претставува Државна урбанистичка планска документација за Технолошка индустриска развојна зона Струга, на локација м.в. “Маторник” КО Мислешево, општина Струга, со површина од 30,01ха. повеќе
Планскиот опфат зафаќа вкупна површина од 6,16 ха. и вкупен периметар 1307,51 м’, а се наоѓа источно од населено место Ново Коњарево во близина на повеќе
Планскиот офат на Деталниот урбанистички план се наоѓа северозападно од населба Шуто Оризари, веднаш под новата обиколница на Скопје, на локалитет “Коњски рид” и има повеќе
Четвртта како сегментарна урбана агломерација на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 год., ги дефинира посебните ентитети, односно различните облици на просторната конфигурација, просторните повеќе
Генералниот урбанистички план за град Крива Паланка е документ кој ги зацртува основните правци на просторниот развиток на градот, а врз база на согледувањата за повеќе
Во рамките на Проектот – Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Македонија, Управата за извршување на санкции ги определи горе наведените установи за приоритетни и повеќе
Локацијата која е предмет на Урбанистичкиот проект предвидува простор лоциран на левата страна на реката Вардар, во продолжение на јужната страна на веќе изградениот бунарски повеќе
Алтернативни енергии и примената на штедливи технологии со искористување на природните ресурси станува императив на денешното време и определбите за одржлив развој. Ветропаркот Гевгелија Југ повеќе
Географската положба, третманот на просторот – локалитетот Градиште, кој се наоѓа на источниот брег на Охридско езеро, на неговиот најатрактивен дел, сообраќајната поврзаност, односно близината повеќе
Основа за изработка на Урбанистичкиот проект е Програма на Влада на Р.М., согласно билатералната Спогодба со Република Албанија за отварање на нов Меѓународен премин Џепиште повеќе