Просторен план на Република Македонија. Со усвојување на Просторниот план на Република Македонија на седницата на Собранието одржана на 11.06.2004г; нашата држава доби еден од … Continue reading Просторен план на Република Македонија (2004 – 2020)

Просторно Планирање
Планското регулирање на просторните аспекти на развојот се извршува во мултидисциплинарната активност која конвенционално се означува со поимот просторно планирање.
Основната улога на просторното планирање е промоција на долгорожниот и одржлив социо-економски развој и превенција и контрола на неговото штетно влијание врз животната средина, со цел да се воспостави баланс помеѓу расположивиот простор, економскиот и демографскиот развој, природните и културните ресурси.
Предметот на просторното планирање опфаќа:
- Насочување на вкупниот развој од аспект на дистрибуција на населението и активностите,
- Организација и вертикално и хоризонтално уредување на системот на населбите и мрежата на инфраструктурните системи, и
- Регулирање на односите помеѓу атрибутите на наведените елементи.
Интегралниот карактер на просторното планирање како негова основна карактеристика и специфика, ги дефинира и задачите, кои опфаќаат:
- Тенденција за остварување на функционална, економична и хумана средина во планското подрачје
- Усогласување на можностите и определбите кои конкретната заедница ги поставува во однос на идниот развој на даденото планско подрачје;
- Транзиција на прифатените насоки на социо-економскиот развој на стручно-техничките аспекти кои се однесуваат на просторната организација на определено подрачје;
- Уредување на односите помеѓу општеството, производството и животната средина за да се постигне органската усогласеност во полза на благосостојбата на населението на планското подрачје.
Покрај воведувањето на еколошките моменти во просторното планирање на голема порта, така што тие се повеќе стануваат дел на интегрален просторно-урбанистичко-еколошки пристап, за новите концепции карактеристично е нагласено вклучување на определени економски и социјални аспекти во концепти и модели кои се развиваат во рамките на просторното планирање.
Просторното планирање е во главно активност на државата и претставува највисок јавен интерес, утврден со посебен Закон. Државата на различни нивои може да го претставува интересот на заедницата, координира акции на индивидуи и групи и разгледува долгорочни последици од тие акции.
Планирањето претставува начин на кој јавниот сектор (државата) на различни нивои на власта влијае врз приватните и јавните активности преку водење, поставување на правила, регулативи и иницијативи.
Специфичноста на просторното планирање може да се согледа низ некои основни и најсуштествени принципи. Тоа ги користи сите општи принципи кои се карактеристични за сите видови планирања, но освен нив во просторното планирање се истакнуваат и оние низ кои може да се уочат посебните атрибути на просторното планирање. Такви принципи се:
- принципот на интегралност и интердисциплинарност,
- принципот на долгорочност,
- принципот на перманентно или континуирано планирање,
- принципот на научност или креативност,
- принципот на демократско планирање,
- принципот на развојност,
- принципот на објективност,
- принципот на мерливост, совладливост и применливост,
- принципот на ангажираност, објективност, еластичност, критичност и други принципи.
Дејноста просторно планирање ги опфаќа следните активности
- изработка на Просторен план на Републиката;
- разработка на Просторниот план на Републиката;
- изработка на Елаборати за Услови за планирање на просторот,
- следење на спроведувањето на Просторниот план на Републиката,
- изработка на стручни анализи, студии, елаборати и информации од областа на просторното планирање.
МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОСТОРНИ ПЛАНОВИ
ПРОСТОРЕН ПЛАН НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОСТОРНИ ПЛАНОВИ Потребата од хармонизација со европскиот пристап во планирањето, како една од непходните … Continue reading МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОСТОРНИ ПЛАНОВИ
Годишен извештај за спроведување на Просторниот план на Република Македонија
Годишниот извештај за спроведување на Просторниот план на Република Македонија претставува интегрален документ за континуирано следење на состојбите и промените во просторот на Република Македонија … Continue reading Годишен извештај за спроведување на Просторниот план на Република Македонија
Просторен план на Скопскиот регион (2005 – 2020), нацрт
Просторниот план на Скопскиот регион претставува разработка на Просторниот план на Република Македонија, кој го опфаќа просторот на Скопската котлина, односно Скопскиот плански регион, согласно … Continue reading Просторен план на Скопскиот регион (2005 – 2020), нацрт
Просторен план на Охридско-Преспански регион (2005 – 2020)
Просторниот план на Охридско-преспанскиот регион е донесен од собранието на Република Македонија на седницата одржана на 11.02.2010 г. Согласно законот за просторно и урбанистичко планирање и … Continue reading Просторен план на Охридско-Преспански регион (2005 – 2020)
Физибилити студија за организација на нова населба помеѓу Миладиновци и Св.Николе
Основањето на нова населба во просторот меѓу Миладиновци и Свети Николе е идеја внесена во Програмата за приоритетна изработка на урбанистички планови на МТВ (2008 … Continue reading Физибилити студија за организација на нова населба помеѓу Миладиновци и Св.Николе
ПРОГРАМА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРНИОТ ПЛАН НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2008 – 2010
Врз основа на член 3 став 1 од Законот за спроведување на Просторниот План на Република Македонија (Сл.весник на Република Македонија, број 39/2004), Владата на … Continue reading ПРОГРАМА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРНИОТ ПЛАН НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2008 – 2010
Просторен план на регионот на сливот на река Треска
Потребата од изработка на Просторен план на регионот на сливот на реката Треска произлезе од решенијата дефинирани во Просторниот план на Република Македонија. Со анализа … Continue reading Просторен план на регионот на сливот на река Треска
Просторен План на регионот на заштитните зони на изворот Рашче
Изворот Рашче се наоѓа на 15 км. западно од Скопје, поточно во југо-источното подножје на планината Жеден, до истоименото село Рашче на кота 299,68 м.н.в. … Continue reading Просторен План на регионот на заштитните зони на изворот Рашче
Просторен План на регионот на акумулацијата “Козјак” (2000 – 2020)
Потребата за изработка на Просторен план на регионот на акумулацијата “Козјак” е условена од изградбата на акумулацијата која резултира со темелни промени во просторот, микроклимата, пејсажот, … Continue reading Просторен План на регионот на акумулацијата “Козјак” (2000 – 2020)