Со Просторниот План на Р. Македонија во областа на водостопанството се согледани расположивите водни количини на територијата на Републиката, сегашните и идни потреби од вода, повеќе
Ит и инфраструктура
Информатичката технологија и инфраструктурното планирање се дел од сите плански задачи и работни процеси во Агенцијата, почнувајќи од процесите за управување со документите, подготовка на просторната база на податоци, изработка на планските решенија за инфраструктура и картографските прилози кои се составен дел на просторните и урбанистичките планови.
Опсегот на активности од оваа област, кои се реализираат во Агенцијата е следниот:
- одржување, развој и надградба на ИТ системот и неговите функционалности согласно стратешките документи за развој на Агенцијата;
- организација, одржување и ажурирање на единствениот просторно-информативен систем на податоци, ГИС анализи и аквизација на податоци;
- организација на системот за управување со документи - DMS и апликациите за контрола на работните процеси;
- обука на вработените за работа со ИТ алатките и апликативните решенија.
- изработка на инфраструктурни решенија за просторните и урбанистичките планови и проекти за инфраструктура,
- изработка на стручни анализи, студии, елаборати и информации од областа на инфраструктурата.
Агенцијата во текот на изминатите години има реализирано повеќе самостојни ИТ проекти за подигнување на технлошкото ниво и ефикасноста на работењето преку примената на софистицирана информатичка технологија и студии со нагласена важност за развој на водостопанската, енергетската и комуникациската инфраструктура.
Коридорот за трансбалканскиот нафтовод „АМБО“
Нафтоводот „АМБО“ е трансбалкански нафтовод кој почнува во Р.Бугарија од пристаништето Бургас на Црно Море, минува низ Р. Македонија и завршува во Р. Албанија на повеќе
Апликативно решение за евиденција и водење на работни проекти – Back Office
Просторните и урбанистичките планови се комплексни документи кои содржат голем број на различни по тип и намена податоци, како текстуални, нумерички, растерски, векторски, статистички, геодетски повеќе
Стандардизација на работни процеси и нивно управување преку DMS
Една од главните предности на DMS е можноста за управување со стандардизираните работни процеси. Паралелно со проектот за воспоставување на системот за управување со документи повеќе
Интеграција на GIS (Geographic Information System) и DMS (Document Managment System)
Податоците со кои располага Агенцијата се организирани во двата најважни информациски системи GIS и DMS кои се меѓусебно поврзани и интегрирани. Причините за реализација повеќе
Воспоставување на систем за управување со документи – DMS (Document Managment System)
Изработката на просторните и урбанистичките планови и постапката за нивно усвојување се врши согласно законски дефинирана процедура која треба да обезбеди транспарентност на целиот процес, повеќе
Техничка и информатичка опременост
Техничка и информатичка опременост на Агенцијата
Проект “Спас на Дојранско Езеро”
Дојранското Езеро, кое се наоѓа на крајниот југоисточен дел од Р. Македонија со својот слив во географско еколошки поглед претставува една целина, која е поделена повеќе
Предлог траса на нафтоводот – Рафинерија Окта – с. Миладиновци (Р. Македонија) – Солун (Р. Грција)
По потпишувањето на Договорот меѓу Р. Македонија и “ХЕЛЕНИК ПЕТРОЛЕУМ” за изградба на нафтовод од нафтениот терминал во Солун (Р. Грција) до рафинеријата “ОКТА” (Р. повеќе
Воспоставување и развој на просторно урбанистички информативен систем – ПУИС
Изградбата на единствениот просторно урбанистички информативен систем – ПУИС е законска обврска на Агенцијата која произлегува од член 56 на Законот за просторно и урбанистичко повеќе