Градот како просторен феномен го дефинираат посебни ентитети, односно дистинктивни облици на просторната конфигурација и нивните меѓусебни односи во морфолошката конституција на урбаниот простор. Низ повеќе

Урбанизацијата е сложен, комплексен, доминантен и динамичен процес во просторниот и вкупниот општествено-економски развој на државата и таа треба да претставува основна рамка и влијателен фактор во насочувањето на долгорочниот просторен развој на Република Македонија
Урбанистичкото планирање е континуиран процес, којшто се обезбедува со изработување, донесување и споведување на урбанистичкиите планови. Изработувањето и донесувањето на урбанистичките планови е работа од јавен интерес. Со урбанистичкото планирање се обезбедува порамномерен развој, рационално уредување и користење на просторот, услови за нормално живеење и работа на граѓаните.
Новото време, во кое континуирано се одвива процесот на транзиција, носи крупни политички и економски промени коишто генерираат структурни промени во општеството. Динамиката на овој процес има свои импликации врз создавање нови просторни односи и ја условува потребата од планска артикулација на просторот на Градот.
Промената на просторните констелации нужно налага евалуација на процесот на урбанизација, територијалниот и морфолошки развој на просторот-агломерацијата, преиспитување на урбаните процеси, просторна консолидација и воспоставување конзистентен урбан модел.
Процесот на системски трансформации во државата бара поинакви урбанистички одговори за просторните потреби, урбанизам којшто на нов начин и со поинаков сензибилитет ќе реагира на наследените просторни предизвици, со примена на динамичност, флексибилност и одржливи урбани модели, коишто симултано ќе се адаптираат на интензитетот и брзите глобални промени.
Актуелните општествени промени имаат значително влијание врз процесот на урбанизацијата преку неговите основни компоненти: демографска, функционална и просторно-физичка компонента.
Севкупната постапка во урбанистичкото планирање и самиот методолошки пристап во изготвување на плански документи се состои во процес на истражување, анализирање и планирање.
Методолошки пристап за изработка на плански документи, коишто по својата природа и мултидисциплинарна проблематика што ја обработува, подразбира тимска работа, дефинирана како комплексен и динамичен систем, со синтдисциплинарен приод (како највисок степен на интердисциплинарноста) со синтеза на повеќе нивоа на планирањето.
Основни методолошки принципи на кои се засновува планските документи се: принцип на комплексност и интегралност, интердисциплинарност, динамичко-структурален приод и принципот на демократичност и транспарентност.
Во основа на оваа методологија се критериумите на просторен развој, организација, користење и заштита на просторот, базирани на принципите на одржлив развој, што подразбира синхронизирано вклучување на голем број стручни и научни лица, експерти од различни области и институции, компетентни структури од општествениот, економскиот и политичкиот живот.
Со синхронизирана интердисциплинарна обработка и примена на различни методи и постапки од различни сектори на истражување и нивно координирање во согласност со поставените цели на планските документи, се формулира концептуална рамка и проспекција на временскиот, просторниот и содржинскиот опфат на истите. Во нив се застапени трите временски хоризонти: долгорочност - со пристапот да не се спречи развојот на просторот-агломерацијата за потребите на другите генерации, среднорочност во рамките на планскиот период и преку етапено планирање разрешување на актуелните проблеми во развојот на просторот-агломерацијата.
Главните чекори во постапката на изработка на планските документи се поставени во методолошка рамка. Методите на анализа, дијагностицирање, предвидување и планирање на урбанизацијата кои се применуваат во истите или неговите сегменти се:
Симбиозата на интуитивните и планификациските методи со другите основни методи, овозможува создавање на единство помеѓу анимирањето на креативни стручни кадри и институции за постигнување на консензус на можностите и потребите од една страна, и најширокото општествено учество од друга страна, кое ќе гарантира целосна демократичност и транспарентност.
Интензивниот демографски, функционален и просторно физички развој на просторот-агломерацијата од една и депресираниот развој во руралните средини на истиот од друга страна се главни одлики коишто го карактеризираат урбаниот развој во изминатиот период.
Процесот на урбанизација се одвива во општествено-економски услови во кои приватната иницијатива и пазарното стопанство имаат значајно место и насочувачка улога во дефинирањето на перспективниот долгорочен просторен развој.
Последните неколку години од периодот на транзиција се отвараат можности за нивелирање на разликите и диспропорциите во урбаниот развој, преку иницирање на активности за урбанизирање на просторот-агломерациите коишто се подалеку од урбаните простори, но доволно атрактивни за потенцијалните инвеститори. Интересот за урбанизирање на овие простори-агломерации е од различни области и со разни намени. Од просторен аспект, овие иницијативи се најприсутни во контактните зони, а помалку како тенденции за експанзија на агломерациите.
И покрај ваквите тенденции, се уште е евидентен процесот на силно влијание на градските агломерации врз непосредното опкружување. Ова влијение е соодветно на големината, степенот на економски развој и местото и улогата во рамките на системот на населби во државата.
Поради тоа сеуште е актуелна неусогласеноста помеѓу порастот на нивото на урбанизираност (искажан преку високо ниво на популациска концентрација во урбаните центри) и динамиката на стопанскиот развој и достигнатото ниво на економска развиеност. Овој расчекор претставува основна причина поради којашто процесот на урбанизација не претставува, во сите сегменти, позитивен влијателен фактор на вкупниот развој.
Со отварањето на процесот на децентрализација, локалната самоуправа прерасна во најодговорен субјект за планирање и локален економски развој. Успешното менаџирање, наметнува потреба од донесување на квалитетни годишни програми за изработка на планска документација на ЕЛС, како основна алатка и механизам за реализација на стратешките цели на просторниот и економскиот развој. Изработката и донесувањето, а особено имплементирање на планските документи е конкретна одговорност на локалната самоуправа, којашто во голема мера зависи од квалитетот на локалните програми за развој, расположивиот буџет на општините и можноста за привлекување на локални и надворешни инвестиции.
Правото на сопственост или друго стварно право на определен дел површина од градежното земјиште, постоењето на просторните и урбанистичките планови и почитувањето на правилата и нормите за изградба на градби се неопходен услов за остварување на основната човекова потреба за постојано место на живеење и за вршење на активности со коишто ја обезбедува егзистенцијата за себе и за своето семејство, како и за остварување на потребата на правните лица за деловен простор.
Градот како просторен феномен го дефинираат посебни ентитети, односно дистинктивни облици на просторната конфигурација и нивните меѓусебни односи во морфолошката конституција на урбаниот простор. Низ повеќе
Со Урбанистички проект за Далновод од 400 kV Штип-граница со Бугарија, се поддржува основната стратегија во организацијата и користењето на просторот, во смисла на развој повеќе
Автопатот Е-75 е дел од трансевропската патна мрежа, на којa низ Р. Македонија се надоврзува останатата магистрална и регионална патна мрежа. Подрачјето на планскиот опфат повеќе
Географската положба и сообраќајната поврзаност одат во прилог на идејата за поставување Технолошка индустриска развојна зона (ТИРЗ) Тетово, на локалитет во близина на с.Сараќино. Подрачјето повеќе
Значајна детерминанта на идниот економски развој претставува развојот на инфраструктурните системи. Тоа особено се однесува на електро-енергетската инфраструктура,односно производството и потрошувачката на енергија како релевантен повеќе
Географската положба и сообраќајната поврзаност одат во прилог на идејата за поставување Технолошка индустриска развојна зона (ТИРЗ) РАНКОВЦЕ, дефинирана во КО Петралица и КО Псача, повеќе
Географската положба и сообраќајната поврзаност одат во прилог на идејата за поставување Технолошка индустриска развојна зона (ТИРЗ) КИЧЕВО, дефинирана со два опфати на меѓусебна оддалеченост повеќе
Планскиот концепт за СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС, за откуп, складирање, примарна преработка и дистрибуција на земјоделски производи е дефиниран како офат кој се наоѓа југоисточно на 4.5 повеќе
Локалитетот за Спортско-рекреативниот центар Гази Баба се наоѓа на оддалеченост од 4-5 км. североисточно од градот Скопје, на просторот над „Железара“ помеѓу езерцата Смиљковци, во повеќе
Промоцијата на спортот и рекреацијата, интегрирани со Спа содржини како значаен предуслов за подигање на квалитетот и здравиот начин на живеење на луѓето, се содржи повеќе
Целта на урбанизација на планскиот опфат вон населено место “КОЗЈАК”, место викано Рудине, е формирање на Туристичко-рекреативен центар, во непосредна близина на град Скопје. Подрачјето повеќе
Опфатот на планот зафаќа дел од северните падини над село Бардовци, на површина од 19,04ха и периметар од 2811,37м. Просторната диспозиција во однос на градот, повеќе
Западниот дел на Реонскиот центар (РЦ), во Карпош 3, зафаќа исклучителен простор по своите квалитети во рамките на Скопје. Локалитетот е тангиран од собирната улица повеќе