Планирањето е континуиран процес на изработување, донесување и спроведување на просторен план и урбанистички планови со цел да се обезбеди уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и природата. Во зависност од просторот кој е предмет на планирањето се донесуваат следниве планови:
1. Просторен план на Република Македонија
-
- просторен план на Република Македонија,
- просторен план за регион
- просторниот план за подрачје од посебен интерес за Републиката
2. Урбанистички планови:
-
- генерален урбанистички план,
- детален урбанистички план,
- урбанистички план за село и
- урбанистички план вон населено место.
Просторниот план на Република Македонија и урбанистичките планови континуирано меѓу себе се усогласуваат и дополнуваат. Нивното донесување и спроведување е задолжително.
3. Заради уредување на просторот, во зависност од видот на градбата која е предмет на планирање се изработуваат следниве видови на урбанистичко-плански документации:
- локална урбанистичко-планска документација(ЛУПД),
- држана урбанистичко-планска документација(ДУПД)
- урбанистичко-планска документација за туристичка развојна зона (УПДТРЗ)
- урбанистичко-планска документација за автокамп (УПДА)
- урбанистичко-планска документација за градби од посебен интерес (УПДГПИ)
4. Урбанистичко-проектна документација е:
- архитектонско-урбанистички проект (АУП)
- проект за инфраструктура (ПИ)
5. Регулациски план на генерален урбанистички план е план со кој може да се врши разработка на плански опфат на генерален урбанистчки план (ГУП), заради утврдување на граници за детално планирање. 6. До донесување на урбанистички план за село (УПС), изградбата во селата кои немаат урбанистичка документација, може да се врши под услови и на начин што со општ акт ќе ги утврди општината односно општината во градот Скопје. Планирањето на просторот се врши за период од најмалку:
- 15 години за Просторен план на Републиката
- 10 години за генерален урбанистички план, урбанистички план за село и урбанистички план вон населено место
- 5 години за детален урбанистички план