Изработка на урбанистички планови

Изработка на урбанистички планови и урбанистички проекти

Согласно  Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 32/20) изработување на:

  • Генерален урбанистички план
  • Детален урбанистички план
  • Урбанистички план за село
  • Урбанистички план вон населено место
  • Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење
  • Урбанистички проект

можат да вршат правни лица кои поседуваат лиценца за изработување на урбанистички планови и Агенцијата за планирање на просторот.

Изработување на урбанистички планови се врши по одобрена Планска програма од  страна на градоначалникот на општината, градоначалникот на општината на градот Скопје,  односно градоначалникот на градот Скопје или Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.

Урбанистички проект е урбанистичко-проектна документација и се изработува по изработена Проектна програма заверена од барателот на урбанистичкиот проект.

Во зависност од видот и намената на градежното земјиште и градбите што се предмет на изработка, типовите на  урбанистички проект се дефинирани во Член 58, Член 59 од Законот за урбанистички планирање (Сл. Весник на РМ бр. 32/20)

Содржината на урбанистичкиот проект е дефинирана во Член 60 од Законот за урбанистички планирање (Сл. Весник на РМ бр. 32/20).

Урбанистички проект можат да изработуваат  правни лица согласно Член 61 од Законот за урбанистички планирање (Сл. Весник на РМ бр. 32/20).

Постапка за изработка на урбанистички планови и урбанистички проекти