Изработка на планска програма

Планска програма за планска документација, има за цел да обезбеди основа за воспоставување на систем на цели, стратегии и методи за изработување на истата, која што ќе претставува реална основа и гаранција дека новата планска документација ќе ги надмине проблемите коишто ја попречуваат реализацијата на соодветниот простор – подрачје. Истата  е практично анализа на начинот на спроведување и ги опфаќа и систематизира сите аспекти на реализацијата на планската документација.

Од суштинска важност за изработка на Планската програма е веродостојната и ажурната детекција на сите проблеми коишто влијаат врз квалитетот и квантитетот на планските реализации. Постојаната детекција на проблемите во спроведувањето на планската документација е единствената гаранција за вистинскиот избор на програмски барања коишто ќе бидат цел и стратегија на идната планска документација.

Согласно член 44 од Законот урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 32/20):

  • Генерален урбанистички план
  • Детален урбанистички план
  • Урбанистички план за село
  • Урбанистички план вон населено место
  • Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење

се изработуваат врз основа на Планска програма со која се утврдува границата и соджината на планскиот опфат и истата се состои од текстуален и графички дел.

Планска програма за изработка на наведените урбанистички планови за потребите на правни и физички лица се  изработува од страна на комисијата за урбанизам на донесувачот, Јавна установа за урбанизам правно лице со лиценца за изработување на урбанистички планови или Агенцијата за планирање на просторот.

Упатство за постапка за изработка на планска програма