Изградбата на објекти (патишта, комунукациски, енергетски, водоснабдителни системи и сл.) кои се од значење за Државата или за даден регион бараат сеопфатни анализи за можоста за нивната реализација од аспект на специфичностите на просторот: топографските карактеристики, капцитетот на просторот, присутноста на населените места, земјоделското и шумското земјиште, природните и културните вредности, инфраструктурата и др.
Преку изработката на студии во кои се разгледуват сите содржини во дадениот простор – постоечките и планираните, се нудат и варијанти кои се основа за избор на најповолното решение од аспект на изводливост, искористеноста и економичноста на објектот.