Услови за планирање на просторот

Согласно член 4 од Законот за спроведување на Просторниот план на Република Македонија (Сл. весник бр. 39/04), Просторниот план се спроведува со изготвување и донесување на просторни планови на региони, просторни планови на подрачја од јавен интерес, просторни планови на општините и на Градот Скопје, како и со урбанистички планови за населените места, Урбанистички планови за подрачја и градби од државно значење и Урбанистички проекти.

За изготвување и донесување на овие планови, Министерството за животна средина и просторното планирање, издава Решение за Услови за планирање на просторот, врз основа на изработен елаборат за услов9и за планирање на просторот. Услови за планирање на просторот не се обезбедуваат додека е на сила истиот Просторен план на Република Македонија според кој претходно се издадени услови за планирање на просторот за истиот плански опфат и истата намена на земјиштето.

Условите за планирање на просторот, содржат општи и посебни одредби, насоки и решенија од планската документација од повисоко ниво (Просторниот план на Државата и плановите за негово разработување и спроведувсње) и графички прилог кој претставува извод од Планот.

Барањето за добивање Решение за Услови за планирање на просторот, го поднесува органот надлежен за постапката за изработување и донесување на урбанистичкиот план. Кон барањето се приложува:

  • Предлог планска програма,
  • Копија од претходно издадени услови за планирање на просторот за предметниот или соседниот плански опфат, доколку такви има.

Елаборатот за условите за планирање на просторот се издава во рок од 15 работни денови од денот на прием на барањето.

Трошоците за изработување на условите за планирање на просторот паѓаат на товар на барателот.

При изработка на урбанистички планови кои се финансирани од уџетот на Република Северна Македонија, Елаборатот за услови за планирање на просторот се изработува по службена должност, а трошоците за изработување на условите за планирање на просторот се надоместуваат од буџетот на РС Македонија, преку Годишните програми за изработка на урбанистички планови.

Упатство за услови за планирање на просторот