Историја

Планирањето низ институциите

РЕТРОСПЕКТИВА НА ПРОСТОРНОТО ПЛАНИРАЊЕ

Просторното планирање во Република Македонија се институционализира во 1970 година кога Собранието на СРМ заклучува “дека е основано испитувањето на потребата општественото планирање да добие и своја просторна димензија”. За стручно спроведување на вака донесениот заклучок се основаат соодветни институции, со следната хронологија:

1970 – Дирекција за просторно планирање – Охрид;

1973 – во рамки на Дирекцијата се формира работна единица Скопје;

1979 – Дирекцијата се трансформира во Институт за просторно планирање – Охрид, со работна единица во Скопје;

1988 – се менува седиштето на Институтот и неговиот назив е Институт за просторно планирање – Скопје, со работна единица во Охрид;

1991 – згаснува Институтот за просторно планирање.

Во овој дваесетгодишен период интензивно се изработуваат просторни планови, сe со цел целата територија на, тогаш, СРМ да биде покриена со просторни планови. Изработени се вкупно седум регионални и 29 општински просторни планови (единствена општина за која не е изработен просторен план е Неготино).

Повторното воспоставување на системот на просторно планирање во самостојната Република Македонија започна со усвојувањето на Програмата за изготвување и донесување на Просторниот план на Република Македонија, од страна на Владата и Собранието на Република Македонија, на 22 март 1995 год., и нејзино објавување во “Службен весник” бр. 17 од 28 март 1995 година.

Носител на активностите беше Министерството за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија, а изработката на Просторниот план му беше доверена на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови, во рамките на кое се оформи стручен работен тим.

Со измените на Законот за ограните на државна управа од 2000 година, дејноста просторно планирање помина во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање, а надлежноста за урбанистичкото планирање помина во Министерството за транспорт и врски.

Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови функционираше сe до почетокот на 2005 година кога, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, беше оформена Агенцијата за планирање на просторот која е стручна институција задолжена за изработка и следење на спроведувањето на Просторниот план на Република Македонија.

Агенцијата за планирање на просторот е основана со Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на РМ”, бр. 51/05) како независно, самостојно правно лице.

Основната функција на Агенцијата е изработка и учество во изработката на повеќе стратешки документи, особено на оние кои се во програмата на Владата на Република Македонија.

Иако основањето на Агенцијата за планирање на просторот е со понов датум, нејзиното работење претставува континуитет на работењето на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови, кое функционира од 1996 година.

Агенцијата денес

Агенцијата за планирање на просторот ја спроведува политиката на планирање и уредување на просторот на Република Северна Македонија.

Согласно член 74 од  Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 32/2020) Агенцијата ги извршува следните работи:

  • изработува Просторен план на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: Просторен план);
  • го спроведува и разработува Просторниот план со изработување на просторни планови на региони, просторни планови на подрачја од посебен интерес и просторни планови на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје;
  • го следи спроведувањето на Просторниот план;
  • изработува услови за планирање на посторот;
  • го гради, одржува, ажурира и оперира единствениот просторно-информативен систем на податоци за просторно и урбанистичко планирање и уредување на просторот;
  • изработува генерални урбанистички планови и ревизии на генерални урбанистички планови за големи плански опфати со поголем број на жители и корисници на просторот, погуста и посложена структура, густо изградени и сложени централноградски подрачја, историски градски јадра, споменички целини и други делови од градови што се од посебно значење;
  • ги изработува плановите од годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови на Владата на Република Северна Македонија од членот 41 од овој закон;
  • изработува стручни анализи и информации за состојбите во планирањето за потребите на државните органи и на органите на државната управа и
  • извршува и други работи утврдени со овој закон и со Статутот на Агенцијата.

Органи на Агенцијата се Управен одбор и директор.

Со Агенцијата управува Управен одбор кој е составен од седум члена: двајца претставници од органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на просторното планирање, двајца претставници од органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот, двајца претставни-ци од вработените во Агенцијата и еден надворешен член.

Како резултат на процесот на преструктуирање основани се шест друштва со ограничена одговорност чија дејност е урбанистичкото планирање. Тие се дисперзирани низ Република Македонија, работат самостојно, како посебни правни субјекти, во кои Агенцијата за планирање на просторот има доминантен содружнички удел. Тоа се:

  • ТЕПЛАН – Тетово;
  • ГОПЛАН – Гостивар;
  • УРБАН – Охрид;
  • УРБАНИЗАМ – Битола;
  • УРБАН – Штип;
  • УРБАНГИС – Куманово.

Личности кои раководеле

Директори и заменици од ЈП ПУП до денес.

ДИРЕКТОРИ НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ПРОСТОРНО И УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ ОД ОСНОВАЊЕТО ДО ТРАНСФОРМИРАЊЕТО

БОРИСЛАВ ЈОСИФОВ

19.06.1996 – 29.09.1997

ЧЕДОМИР ТЕОДОСИЕВСКИ

29.09.1997 – 28.12.1998

КЛИМЕНТ ЗАРОВ

28.12.1998 – 24.07.2001

БЛАГОЈА АНАСТАСИЕВСКИ

24.07.2001 – 27.11.2001

САШО МАНАСОВ

27.11.2001 – 18.11.2002

ЛИДИЈА ТРПЕНОСКА-СИМОНОВИЌ

18.11.2002 – 24.01.2006

ДИРЕКТОРИ НА АПП ОД ОСНОВАЊЕТО ДО СЕГА

ЛИДИЈА ТРПЕНОСКА-СИМОНОВИЌ

25.01.2006 – 24.03.2007

ОГНЕН АПОСТОЛСКИ

19.04.2007 – 14.10.2015

ЉУПЧО ГЕОРГИЕВСКИ

01.12.2015 – 06.08.2017

ОГНЕН АПОСТОЛСКИ

АНДРИЈАНА АНДРЕЕВА

 06.08.2017 -15.01.2021

16.01.2021-