Политика на квалитет
АПП 422-001-03
Агенцијата за планирање на просторот е целосно посветена на примената на квалитетот како систем на работа во сите свои процеси и активности.
Примарна цел на Агенцијата е да нуди квалитетни услуги од областа на планирањето на просторот. Политиката за квалитет на Агенцијата произлегува од мисијата на Агенцијата и е дел од нејзината вкупна деловна политика. Системот за управување со квалитет ISO 9001:2008 е темел на работењето на Агенцијата и континуирано се надгледува и унапредува со цел да бидат исполнети политиката и целите.
Политиката за квалитет во Агенција за планирање на просторот се заснова на:
- Постојано подобрување на квалитетот;
- Стручност, совесност и одговорност во исполнување на работните задачи;
- Континуиранa обука и едукација на вработените како основна потпора на Системот за квалитет;
- Негување на научниот пристап, тимската работа и мотивација за стручно и научно усовршување;
- Почитување на законската регулатива;
- Услогласување на методологијата и технологијата на работа со европските директиви и стандарди;
- Обезбедување висок квалитет на производите преку создавање на коректни односи и избирање на одобрени и проверени добавувачи;
- Внатрешна контрола на работењето како мерка за преиспитување на целите на квалитет;
- Обезбедување добра работна средина, ресурси и соодветна инфраструктура;
- Транспаретност во работењето, пристапот до информации и податоци и организација на работните процеси.
Политиката за квалитет е достапна на сите вработени во Агенцијата и на јавноста.
Во Скопје, 05.09.2012 год.
Директор на Агенцијата
Огнен Апостолоски
Мисија на Агенцијата
- Да се дооформи како ефикасен сервис на Владата во стратешкото планирање;
- Да ја усогласи методологијата и технологијата на планирањето со европските трендови;
- Да го негува научниот пристап, тимската работа и да го стимулира стручното и научно усовршување;
- Да биде главниот аналитичар и критички да се однесува на случувањата во просторот;
- Да продолжи со примената на најсофистицираната информатичка технологија;
- Да ја продлабочи соработката со стручни и научни институции и да учествува во продуцирањето млади експерти за планирање на просторот, како континуиран процес;
- Перманентно да се едуцира, надградува, планерскиот потенцијал преку учество на едукативни собири ширум Европа и подалеку;
- Да биде носител на новитетите во планирањето;
- Да учествува во изработката на законите и подзаконските акти од областа на планирањето.
Награди и признанија
- 2008 година
- 2009 година Втора награда во категорија на просторни планови на 18-от меѓународен саем за урбанисти во Ниш – 2009 година за просторниот план на Охридско-преспанскиот регион.
- 2010 година Плакета за поддршка и соработка по повод пет години од Лукоил Македонија.
- 2010 година Прва награда за примена на ГИС технологијата и компјутерските анализи при изготвување на “Просторниот план за Националниот парк Галичица” – ГДи-ГИС Дата корисничката конференција во Опатија, Р. Хрватска 2010 година.
- 2010 година Прва награда во категорија просторни планови за просторниот план на Националниот парк Галичица на 19-от меѓународен саем за урбанисти во Шабац – 2010 година.
- 2011 година Прва награда во категоријата примена на информатичка технологија за проектот “Интегрирање на ДМС и ГИС системите во изработка на планови” на 20-от меѓународен салон за урбанизам во Ниш – 2011 година.
- 2011 година Втора награда во категоријата планови на детална регулација за „ДУП на универзитетско-клиничкиот центар“ на 20-от меѓународен салон за урбанизам во Ниш – 2011 година.
- 2011 година Признание во категоријата публикации за Просторниот план на Охридско-преспански регион на 20-от меѓународен салон за урбанизам во Ниш – 2011 година.
- AПП
- 2019 година Признание во категоријата-Истражување, студии и проекти во областа на просторното и урбанистичкото планирање на 28-от меѓународен салон за урбанизам во Ниш – 2019 година.