Една од главните предности на DMS е можноста за управување со стандардизираните работни процеси. Паралелно со проектот за воспоставување на системот за управување со документи (DMS) во Агенцијата течеа и активностите за имплементација на системот за управување со квалитет ИСО 9001:2008 согласно кои беше извршена:
- стандрдизација и моделирање на работните процеси,
- дефинирање на учесниците во процесите и нивната одговорност,
- рутирања на документите за реализација на поединечните чекори од работните процеси,
- дефинирање на методи на информирања за доцнења кон одговорните лица и кон претпоставените
- дефинирање на рокови
- дефинирање на методи за нотификација, и временски рокови за ескалација.
Изработката на Елаборатите за услови за планирање кој е еден од најфрекфентните работни процеси во Агенцијата е целосно мониториран и управуван преку DMS. Ова овозможува во секој момент целосен увид за:
- моменталниот статус на работната задача,
- активностите во следните чекори,
- кои се одговорните лица за следните чекори,
- очекуваниот рок за завршување на работната задача,
- информирање на инволвираните и надредените лица доколку предметот го надмине рокот или недостигаат влезни документи.
Примената на напредните функционалности на DMS даде значаен придонес во зголемување на ефикасноста на работењето.