По потпишувањето на Договорот меѓу Р. Македонија и “ХЕЛЕНИК ПЕТРОЛЕУМ” за изградба на нафтовод од нафтениот терминал во Солун (Р. Грција) до рафинеријата “ОКТА” (Р. Македонија) во 1999 год. се пристапи кон реализација на проектот.
Грчкиот партнер достави Елаборат за трасата на предметниот нафтовод која не се совпаѓаше со трасата предложена во Нацрт просторниот план на Р. Македонија. Пред да се отпочне со изработка на проектно техничка документација на барање на Министерството за градежништво и урбанизам, изработена е Студија “Предлог траса на нафтоводот Рафинерија “Окта” – Солун”.
Трасата е лоцирана по долината на р. Вардар, по својата должина минува низ населени места, преку површини на кои се изградени системи за наводнување, покрај простори со регистрирано природно и културно наследство и се вкрстува со сообраќајна, водостопанска и енергетска инфраструктура.
Во Студијата земајки ги во предвид состојбата и планираните измени во просторот, како и мислењата од сите релевантни Министерства и субјекти, се даде предлог за трасата која е во согласност со Просторниот план на Р. Македонија.
Врз основа на заклучоците изнесени во Студијата се пристапи на изработка на проектно техничка документација за изградба на нафтоводот.