Интеграција на GIS (Geographic Information System) и DMS (Document Managment System)

 

Податоците со кои располага Агенцијата се организирани во двата најважни информациски системи GIS и DMS кои се меѓусебно поврзани и интегрирани. Причините за реализација на проектот за нивната интеграција произлегуваат од специфичностите на дејноста која Агенцијата ја извршува:

  • плановите се комплексни документи кои содржат ралични типови податоци и се изработуваат на CAD и GIS софтверски платформи,
  •  изработката на плановите се одвива во неколку фази, согласно законската процедура,
  •  потребна е комуникација со голем број надворешни институции од кои се прибираат податоци и мислења, (нивниот број за поголемите проекти е над 30-тина),
  • потреба од просторни анализи во секојдневното работење.

Секојдневни проблеми на кои наидувавме во работењето и околности кои влијаеа на имплементација на проектот се следните:

  • постоење на повеќе електронски верзии за еден ист плански документ;
  • вработените трошеа голем дел од своето работно време на пребарување на потребните документи и информации;
  • можност за губење на податоците со кои располагале вработените кои ја напуштаат Агенцијата;
  • хартиените документи често непотребно се копираат во повеќе примероци;
  • отежнат пристап до ГИС податоците, како резултат на употреба на застарени софтверски лиценци;
  • потреба од воведување на ИСО стандардите за квалитет;
  • стратешките активностите на Владата поврзани со имплементација на НИПП (Национална инфраструктура на просторни податоци).

Проектот за интеграција на ГИС и ДМС се реализираше во неколку последователни фази и тоа:

  • изработка на ИТ стратегијата за развој на Агенцијата,
  • надградба на постоечкиот ГИС и воведување на ДМС, со сите потребни хардверски и софтверски елементи,
  • изработка на интранет апликации за пристап до просторните податоци преку WMS и WFS web сервиси,
  • дефиниција и управување со работни процеси преку DMS согласно ИСО 9001:2008,
  • надградба на сигурносните аспекти на системот со можност за публикување на просторни WEB сервиси на податоци.

Резултатите од реализација на проектот се следните:

  • просторните податоци се организирани во централна база;
  • пристапот до податоците е организиран со дефинирани ролји за корисниците што обезбедува максимална заштита и сигурност;
  • направена е интеграција на CAD софтверските алатки со GIS просторната база;
  • подигнати се WMS and WFS сервиси за просторните податоци;
  • работните процеси се управуваат и мониторираат преку DMS и се интегрирани со GIS;
  • воспоставени се автоматски линкови за пристап од графичките податоци до документацијата и архивската преписка во DMS.

Основните придобивки од проектот се зголемената ефикасноста во извршувањето на секојдневните работни задачи, авторизираниот пристап до просторните податоци и проектната документација за конкретната работна задача во секој момент и можност за интегрирање со други институции преку WEB просторни сервиси.

Со реализација на проектот Агенцијата направи значаен исчекор во подигнување на технлошкото ниво на работење. Можностите за иден развој се неограничени, а амбициите на Агенцијата за иден клучен чинител на НИПП се реални и остварливи