Просторните и урбанистичките планови се комплексни документи кои содржат голем број на различни по тип и намена податоци, како текстуални, нумерички, растерски, векторски, статистички, геодетски и други типови податоци. Нивната реализација се одвива во неколку фази, а составен дел на процесот на изработка е интензивната комуникација и аквизација на податоци од министерства, општини, комунални претпријатија, научни установи и други релевантни институции. Работните процеси се сложени, отежнато е нивното следење, евидентирање на „тесните грла“ и изработката на извештаите за реализација.
За надминување на овие недостатоци воспоставено е апликативно решение за евиденција и водење на работни проекти, кој е позадински модул на постоечкиот DMS. Апликацијата е изградена на клиент/сервер технологија и функционално е развиена согласно стандардизираните работните процеси. Пристапот е преку стандарден web пребарувач, а интерфејсот е прилагоден на чекорите за реализација на соодветната работна задача.
Основна придобивка од имплементација на апликацијата е можноста за креирање на извештаи како сумарен преглед за сите тековни задачи, детален извештај за секој поединечен план – картица на планот, со дијаграм на реализирани чекори на стандардизираниот работен процес, извештај за ескалација, финансиски извештај, извештај за изработени работни задачи по плански региони, општини итн.
Цел на проектот е:
- да го унапреди функционирањето како на поедини организациски делови така и на Агенцијата во целина;
- да го забрза процесот на донесување на квалитетни и правовремени одлуки;
- да доставува точни и правовремени информации во управувачката функција на Агенцијата пред или за време на донесување на одлуки;
- да обезбеди единственост на податоците за секоја работна задача.