Агенцијата за планирање на просторот, на покана на групацијата Gdi, учествуваше на GDi SOLUTIONS DAY 2022 во Белград. Посетата имаше за цел да се разменат искуствата во просторното планирање, како со претставниците на ГДи Белград, така и со претставниците на Институтот за архитектура и урбанизам на Србија. Овие две институции се членки на конзорциумот за изработка на Просторниот план на Србија и ги презентираа сознанијата до кои се дојдени при изработка на планот.