GDI SKOPJE SOLUTIONS DAY 2022

Агенцијата за планирање на просторот, како долгогодишен корисник на ГИС платформата во изработка на просторните и урбанистичките панови, традиционално учествуваше на GDi SKOPJE SOLUTIONS DAY 2022, настан кој се одржа во Скопје. На панел дискусијата на тема меѓуинституционална соработка  учестуваа м-р Андријана Андреева, директор на Агенцијата за планирање на просторот, м-р Борис Тунџев, директор на Агенцијата за катастар на недвижности, Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика и м-р Неби Реџепи, раководител на секторот за просторно планирање во Министерството за животна средина и просторно планирање. Институциите чии панелисти зборуваа можат да се пофалат со воспоставената соработка при изработка на просторните и урбанистичките планови, особено со последната размена на информации неопходни за изработка на Просторниот план на Република Северна Македонија и ГУП на град Скопје.