31. МЕЃУНАРОДЕН САЛОН НА УРБАНИЗАМ – ЧАЧАК, СРБИЈА

Во организација на Здружението на урбанисти на Србија, на 08.11.2022 година во Чачак се одржа традиционалниот Салон на урбанизам. Агенцијата за планирање на просторот учествуваше во категоријата „Истражувања, студии и проекти од областа на просторно и урбанистичко планирање“ со трудот „Контактната зона на град Скопје“, работен како студиско истражување за изработка на Генералниот урбанистички план на град Скопје 2022-2032.

Предмет на истражување во оваа студија е контактната зона на градот Скопје во која се сместени функции кои творат симбиоза со градското ткиво, а која ги опфаќа сите населени места во Скопската Котлина.

Целта на ова истражување е, преку комплексен и интегрален третман на појавите и процесите како просторни феномени, да се дефинира можен пристап во планирањето и уредувањето на контактните зони како целина со градот и како хумана средина погодна за живеење и работа на луѓето.

Преку направена анализа и утврдени цели, студијата нуди активности за постигнување на целите во планскиот период.

Овој труд ја доби втората награда на 31. Салон на урбанизам во својата категорија.


Плакат