На 16 декември 2022 беше организирано одбележувањето на 15 годишнината
од основање на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Раководството на Комората одлучи во рамки на одбележувањето на овој
јубилеј да се оддаде признание на сите оние архитекти и инженери кои низ
годините дале свој придонес за развојот на инженерството, развој на
Комората, развој на своето професионално одделение или на струката
воопшто. Директорот на Агенцијата за планирање на просторот, м-р
Андријана Андреева, е еден од добитниците на признание не само поради тоа
што ја претставува институцијата која брои повеќе планери со овластување за
изработка на урбанистички планови, туку и поради својот личен
долгогодишен ангажман.