Како дел од процесот за изработка на Генералниот урбанистички план на град Скопје 2022-2032, во просториите на Архитектонскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, се одржа првата стручна работилница конципирана во два дела. Во првиот дел беа презентирани согледувањата и резултатите на дел од студиите (шест) работени за потребите на ГУП Скопје. Вториот дел беше наменет за дискусија и размена на мислења поврзани со опфатените теми. Работилницата беше организирана од Архитектонскиот факултет и Агенцијата за планирање на просторот, а на истата присуствуваа авторите на презентираните студии, претставници од Град Скопје и работниот тим на Агенцијата за планирање на просторот.