Состанок со градоначалниците од Вардарскиот плански регион за изработка на Просторен план на РСМ

Kоординативна средба со гадоначалниците на дел од општините од Вардарскиот плански регион, на тема изработка на Просторен план на Република Северна Македонија.

 

Наша цел е да ги осознаеме реалните потенцијали на просторот за креирање на одржливи плански решенија, бидејќи добрите плански решенија секогаш имаат брза, квалитетна и успешна реализација и секако широка поддршка од јавноста. Со овој процес покажуваме иницијатива за соработка со единиците на локалната самоуправа бидејќи само преку заедничко делување можеме да ги надминеме проблемите поврзани со организација, користење, заштита, уредување и рационално користење на просторот во нашата земја .