Координативна средба со градоначалниците од Полошкиот плански регион

Планирањето на просторот е планирање на иднината, суштинска карактеристика на цивилизираното општество и одраз на највисока мудрост. Во тој правец, најзначајна улога има просторното планирање реализирано преку Националниот просторен план, како највисок стратешки, плански документ.

Наша задача е да креираме модерен Просторен план, кој ќе одговара на современите услови и потреби и кој ќе претставува визија за тоа како долгорочно ја замислуваме иднината на нашата држава. Во процесот на изработка на новиот Просторен план ги вклучивме осумте плански, развојни региони во државата, кои ни обезбедуваат линк со сите единици на локалната самоуправа .

Секој од одделните плански региони се карактеризира со посебни потенцијали и вредности.