ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН (ГУП) НА ГРАД СКОПЈЕ 2012-2022

Градот како просторен феномен го дефинираат посебни ентитети, односно дистинктивни облици на просторната конфигурација и нивните меѓусебни односи во морфолошката конституција на урбаниот простор.

Низ хронолошка сукцесија на морфолошката и социјална структура промените на општествените конфигурации се рефлектираат на промената на идејата за Градот. Низ различни временски интервали моделот на Градот доживувал трансформации.

Мултифункционалниот организам на Градот поминувал низ сукцесивни просторни трансформции, рекомпонирања на урбаното поле и промени на неговата структура и синтакса. Серијата концептуални модели генерираат една сложена хронолошка и методаолошка стратификација на физичката структура на Градот.

Примената на просторен, урбан и еколошки пристап условува и економски, социо-културен и технолошки модел за просторот на Градот, во согласност со новите тенденции во урбаното планирање.

Економскиот модел е изразен со обнова и реконструкција на субурбаните простори во Градот и застарените индустриски комплекси од аспект на супра и инфраструктура;

Социо-културен модел особено внимание обрнува на условите за живеење и работа, урбана структура која го минимизира движењето на луѓето, односно оптимална временско – трошковна дистанца (работа / домување / рекреација / образование и сл.);

Технолошкиот модел препорачува соодветна висока технологија со зголемена трајност на производите, подржување на екосистемите и максимално користење на обновливи енергетски ресурси;

Урбаниот модел е основен прерогатив којшто води кон смалување на загаденоста, минимизирање на користењето на необновливи ресурси, пристап на храна, користење на локални материјали, минимизирање на транспортот и невработеноста. Овој урбан модел и структура на град го овозможува развојот на сите форми на содржини и функции и преставува нова способност со управувањето на градското земјиште.

Планскиот концепт е поставен врз основа на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2001-2020 година, анализата на просторот, анализата на можностите за просторен развој и Планската програма. Планскиот концепт е во директна зависност од создадените и природните фактори, од конфигурацијата на теренот и од можностите за просторна композиција, односно естетско обликување на просторот. Одржливиот развој е принципот на кој е поставен планскиот концепт и е условен и од мерките за заштита и спасување.

Теренот и состојбата на сообраќајот и инфраструктурата-сообраќајниот систем, го условуваат сообраќајниот концепт.

Планскиот концепт врши хармонизација на просторните чинители во единствен препознатлив амбиент со дефинирани функции, односно наменски употреби на земјиштето.

 ГУП-от е подеднакво дело на потесен и поширок стручен тим, како и на граѓаните на Скопје, коишто директно или преку разни форми, здруженија на стопанственици, невладини организации како и преку ЕЛС, учествуваа во неговото осмислување и истиот е донесен во услови на творечки процес на планирање и со учество на сите субјекти и институции на територијата на опфатот.

При неговата изработка земени се предвид и е во корелација со важноста на ПП на Р.М. Како и ПП на Скопскиот регион и претставува разработка на ПП на Скопскиот регион имајќи ја предвид Агенда 21 како клучен документ за Одржлив развој.

ГУП-от е основна стратегија за просторниот развој на Градот во сите сегменти и остварува физичка, функционална, економска и естетска целина што овозможува поволни услови за домување, работа и задоволување на културните и рекреациските потреби на жителите од Градот.

Стратегијата што го карактеризира е:

ПЛАН којшто го одредува јавниот интерес преку одредување на јавното земјиште, односно коридорите за сообраќај и инфраструктурата, зеленилото и земјиштето за јавни градби, со што земјиштето има долгорочна наменска упортреба и е заштитено;

Останатото земјиште е во режим на промени според развојот на Градот, потребите и можностите на граѓаните, инвеститорите и тие промени, во воспоставена процедура согласно Закон, можат да бидат годишни, со строго почитување на основната наменска употреба на земјиштето, еколошките и другите стандарди и правила кои ги пропишува ПЛАНОТ;

Ова е соодветниот одговор за одржлива Визија и Развој на Градот Скопје, согласно потребите на граѓаните, потенцијалот на инвестициите и реалните можности на Градот!

Овој план претставува основа за изработка на Урбанистичка документација од пониско ниво.

Планското решение од сите аспекти овозможува потполна просторна интеграција, активно користење и вклучување на природните и културните наследени вредности во современите текови на животот.

Со ова планско решение се регулира навлегувањето со градби во Карактеристичниот пејсаж Гази Баба, Спорско рекреативниот центар Сарај и други локалитети кои претставуваат значајни зелени оази за Градот.

Економската димензија во планот се манифестира преку насочувањето на долгорочните релации во структурата на економските области и определување нивна просторна диспозиција, со определување на развојни цели и долгорочен просторен развој на економските дејности, усогласен со принципите на одржливиот развој.

Просторно-функционалната организација на Градот е артикулирана и валоризирана на квалитетните карактеристики и вредности на истиот, како и на амбиенталните вредности и поедините целини, а вреднувана преку квалитативни и квантитативни долгорочните севкупни цели на развојот на Градот.

Овој значаен стратешки документ за просторот на Град Скопје е усвоен со Одлука бр. 07-5068/1 на Советот на Град Скопје на седумдесет и седмата седница одржана на 23.12.2012 година.