Eксплоатациски бунари – Општина Богданци

Локацијата која е предмет на Урбанистичкиот проект предвидува простор лоциран на левата страна на реката Вардар, во продолжение на јужната страна на веќе изградениот бунарски систем Ѓавато.

Урбанистичкиот проект е основен развоен документ, кој како крајна цел има заштита и презервација на еко-системот на Дојранското езеро, кое ќе ги користи подземните води кои ќе се експлоатираат од овој бунарски систем.