УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ(УПЧ) 2012-2022

Четвртта како сегментарна урбана агломерација на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 год., ги дефинира посебните ентитети, односно различните облици на просторната конфигурација, просторните структури својствени за феноменот на урбаниот простор и нивните меѓусебни односи во морфолошката конституција на урбаното ткиво на истата.

Урбаниот модел на Четврт, е урбан модел и структура којашто овозможува развој на сите форми на содржини и функции и преставува нова способност со управувањето на градското земјиште.

Низ хронолошка сукцесија на морфолошката и социјална структура, се осознава дека промените на општествените конфигурации се рефлектираат на промената на Четвртта. Низ различни временски интервали моделот на Четврт доживува трансформации.

Мултифункционалниот организам на Четвртта поминува низ сукцесивни просторни трансформции, рекомпонирања на урбаното поле и промени на неговата структура и синтакса. Серијата концептуални модели генерира една сложена хронолошка и методаолошка стратификација на физичката структура на Четвртта.

Современите просторни и програмски барања, ставени во една нова општестевено политичка конотација, го детерминираат моделот на просторна и програмска хиерархија суперпонирана врз функционалната и просторна структура на Четвртта со историски, морфолошки и социјален контекст.

Современа интенција е да се развие економски, социо-културен и технолошки модел за просторот на Четвртта, во согласност со новите тенденции во урбаното планирање.

Примената на просторен, урбан и еколошки пристап условува и економски, социо-културен и технолошки модел за просторот на Четвртта, во согласност со новите тенденции во урбаното планирање.

Економскиот модел изразен е со барања за обнова и реконструкција на субурбаните простори во Четвртта и застарените индустриски комплекси од аспект на супра и инфраструктура;

Социо-културен модел сугерира особено внимание на условите за живеење и работа, урбана структура која го минимизира движењето на луѓето, односно оптимална временско – трошковна дистанца (работа / домување / рекреација / образование и сл.);

Технолошкиот модел препорачува соодветна висока технологија со зголемена трајност на производите, подржување на екосистемите и максимално користење на обновливи енергетски ресурси;

Урбаниот модел е модел, чијшто основен прерогатив води кон смалување на загаденоста, минимизирање на користењето на необновливи ресурси, пристап на храна, користење на локални материјали, минимизирање на транспортот и невработеноста. Овој урбан модел и структура на четврт го овозможува развојот на сите форми на содржини и функции и преставува нова способност со управувањето со земјиштето на четвртта.

Со Урбанистички план на четврт, во склад со стратегијата на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 год., се утврдува темелна организација на просторот на Градот, заштита на природните и културните вредности, користење и намена на површините со услови и мерки за нивно уредување.

Урбанистички план на четврт се базира на одредбите на Уставот на Република Македонија, Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за новата територијална организација на Република Македонија, како и на постојната организација на просторот и неговото досегашно користење.

Основна цел на изработката на Урбанистички план на четврт е правилното насочување на развојот на Градот во смисла на негова афирмација и социјална интеграција на неговите жители со унапредување на урбаната структура на Градот, насоченост кон излезот од културната маргинализација, економската неатрактивност, стопанската и сообраќајна неефикасност, унапредување на квалитетот на животната средина.

Планот дефинира основни решенија на идниот развој на Градот во организација на просторот, неговата намена, користење и уредување. Урбанистички план на четврт претставува планска документација од пониско ниво на пооделни градски целини и опфати. Предложените решенија ќе овозможат физичка, функционална, економска и естетска целина на градскиот простор која ќе резултира со повисок квалитет на условите за живот и работа на граѓаните, а ќе кореспондира со барањата и потребите за вклучување во интеграциските процеси во Градот.

Перспективниот развој на комплексот на функциите од општествениот стандард непосредно е условен со статусот на четвртта, популациската големина, местото и улогата во постојната распределба на функциите и капацитетите во Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 год. Зоната на гравитацискиот опфат на функциите од највисокото ниво се протега врз севкупната територија на Градот Скопје. Опфатот на влијанието на одделните функции (посебно во областа на здравство, наука и просвета) ги надминува границите на четврт протегајќи се и врз деловите од територијата на четвртите во окружувањето и пошироко во Градот Скопје.

Изработката на Урбанистички план на четврт како потреба за потврдување и нивелирање на просторниот развој на четвртта, е во рамки на приоритетите на Градот Скопје.

Урбанистички план на четврт претставува основен развоен документ за четвртта чијашто крајна цел е да ги утврди параметрите коишто се потребни за планска документација од пониско ниво на просторот во планскиот опфатот, како и воедно да ги даде и насоките и одредбите за изработка на друга планска урбанистичка документација од пониско ниво за секоја специфична наменска употреба на земјиштето.

Основна цел на изработката на Урбанистички план за четврт е правилното насочување на развојот на Четвртта во смисла на нејзината афирмација и социјална интеграција на неговите жители што ќе се постигне со унапредување на урбаната структура на Четвртта, насоченост кон излезот од културната маргинализација, економската неатрактивност, стопанската и сообраќајна не-ефикасност, унапредување на квалитетот на животната средина.

Планот претставува основа за изработка на Детални урбанистички планови на пооделни блокови. Предложените решенија овозможуваат физичка, финкционална, економска и естетска целина на просторот која ќе резултира со повисок квалитет на условите за живот и работа на граѓаните, а ќе кореспондира со барањата и потребите за вклучување во интеграционите процеси во новиот ГУП.

Основа за изработка на планската документација е стратегијата за развој и наменската употреба на земјиштето согласно Планската програма и Агенда 21.

Планскиот период на Урбанистичкиот план за четврт(УПЧ) сооедветствува со планскиот период на Генералниот урбанистички план(ГУП) на Град Скопје.