УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО СОПИШТЕ – разработка на блок 1, КО СОПИШТЕ, ОПШТИНА СОПИШТЕ, ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2012-2022

Планскиот опфат на цело село Сопиште има површина од 318,70ха и лежи на територијата на КО Сопиште. Во правец на исток село Сопиште е поврзано со град Скопје.

Сообраќајно село Сопиште е сместено покрај регионалниот пат Р-2134 (Р 302),  Драчево (врска со Р1106) – К. Вода, Сопиште-Говрлево (врска со Р1106).

Овој регионален пат поминува центално низ планскиот опфат на село Сопиште.

На север во планот се предвидува врска со Скопје преку Водно преку новопланиран регионален пат Р2138  (Р303), а на југоисточниот дел се предвидува врска исто така со Скопје преку новопланирана делница на  регионален пат Р-2134 (Р 302), делница од село Сопиште, село Усје и преку улица Првомајска врска со град Скопје.

Токму овие сообраќајни  поврзувања ја одредуваат добрата геостратешка положба на селото.

Поголем дел од просторот има посебни пејсажни вредности, претставува брдовит и благо брдовит терен со наклон кон село Сопиште.

Во панскиот опфат на село Сопиште кој зафаќа површина од 318,70 ха се проценува дека до 2022 година ќе се населат околу 15 300 жители. Проценката базира на постојните податоци за бројот на населението во село Сопиште според Пописот од 2002 година и Законот за територијална организација од 2004 година и определбата за изградба на резиденцијален урбан простор, кој ќе ја зголеми атрактивноста на населбата Сопиште за задржување на постојното население и пораст на вкупното население со зголемување на новата популација која ќе се досели.

Плански опфат на село Сопиште е поделен на 6 блокови.

Со овој Урбанистички план за село Сопиште – разработка на Блок 1, се одредуваат основните наменски употреби на земјиштето на цело село Сопиште.

Групи на класи на намени:

–   Домување – група на класа на намена А (303,16ха)

–   Јавни институции – група на класа на намена В (1,43ха)

–   Производство, дистрибуција и сервиси – група на класа на намена Г (2,32ха)

–   Зеленило и рекреација – група на класа на намена Д (5,38ха)

–   Комунална инфраструктура – група на класа на намена Е (5,83)

Планираната улична мрежа во планскиот опфат се состои од собирни улици Преку собирната улица “1“ , која се планира да се поврзе со реализираната улична мрежа на град Скопје е дефинирано сообраќајното поврзување на село Сопиште, како  и на Блок 1.

Селата Сопиште, Ракотинци и Добри Дол се водоснабдуваат од мрежата на градот Скопје. Ова решение е времено додека се изгради водоснабдителниот систем “Патишка Река“.

Со развојните документи на градот Скопје: Генералниот урбанистички план, Основниот урбанистички план, Водостопанската основа на Скопскиот регион и Просторниот план на град Скопје (измена и дополна усвоена 1985 год.) водоснабдувањето на селата во општината Сопиште предвидено да се врши од локални извори, односно од Патишка Река.

Регионалниот систем за водоснабдување “Патишка Река” предвидува: зафаќање на вода од Патишка Река, нејзино енергетско искористување, изградба на филтерница за пречистување на водата и доведување до потрошувачите, односно до селата: Патишка Река, Малчиште, Маркова Сушица, Јаболци, Н. Брезница, Д. и Г. Соње, Ракотинци и Добри Дол.

Со изградбата на ВС “Патишка Река“ селата Ракотинци и Добри Дол ќе се преориентираат од градската водоснабдителна мрежа на овој систем.

Селото Сопиште и понатаму ќе се водоснабдува од градската водоснабдителна мрежа.

За рационално и економично користење на водата во рамките на планскиот опфат на селото Сопиште и Блок 1 потребно е изградба на две водоснабдителни мрежи: за санитарна вода и за техничка вода (за одржување на комуналната хигиена и за поливање на зеленилото во парковите и во дворовите)

Техничката вода ќе биде обезбедена од нов изворник: подземни води во близина на селото Маркова Сушица, каде се отпочнати хидрогеолошки истражувања кои треба да се довршат.

Во селото Сопиште нема изградена канализациска мрежа. Со плановите од повисоко ниво не е предвидено приклучување на Сопиште на градската канализациска мрежа.

Се предвидува изградба на сепарациона канализациска мрежа – фекална и атмосферска канализација. Отпадните води од Блок 1 ќе бидат пречистени во локална пречистителна станица.

Атмосферските отпадни води ќе бидат испуштени во најблискиот реципиент кој минува низ селото Сопиште и се влива во “Усјански канал”. Атмосферските отпадни води пред да се испуштат во реципиентот ќе бидат третирани во маслофаќачи.

Зависно од намената на површините ќе бидат направени пресметки на едновремена електрична моќност за корисниците со што ќе може да се дефинира бројот и местоположбата на дистрибутивните трафостаници 10(20)/0,4kV.

Според добиените претходни сознанија од ЕВН Македонија и заради оптеретеноста на дистрибутивната мрежа на дел на градот кој е најблиску до село Сопиште, приклучна точка на новите дистрибутивни трафостаници ќе биде 35kV трафостаницата во Говрлево, која се наоѓа на растојание од 6км југозападно од село Сопиште.

За заштеда на енергијата  покрај ефикасна топлотна изолација на градбите се планира на крововите на објекти да се постават соларни колектори со помош на кои ќе се врши загревање на водата и примена на современи висококвалитетни изолациски материјали.

Македонски Телекомуникации имаат изградено телефонска мрежа во село Сопиште, која што заради проширување на сообраќајниците ќе биде потребно да се измести во тротоарите, koi ќе бидат поставени во инфраструктурни коридори заедно со останатите инфраструктурни водови.

Новите технологии во сферата на комуникациите, дигиталните системи, широкопојасните услуги ќе бидат имплементирани зависно од барањата на крајните корисници.

Локалитетот, како и овој регион е целосно се покриени со сигнал на сите мобилни оператори.

Со урбанистички план за село Сопиште со инсталацијата за јавно осветлување, потребно е да се опфатат сите сообраќајници, паркинзи и други јавни површини.

Согласно физибилити студијата на гасификациониот систем на Република Македонија, низ планскиот опфат на село Сопиште, а веднаш до границата на Блок 1, поминува магистралниот дистрибутивен гасовод Скопје-Гостивар-Кичево, делница – 5.

Поради ова постојат добри предуслови за поврзување на селото Сопиште на магистралната гасоводна мрежа.

За таа цел потребно е да се изгради разводен крак од магистралниот гасовод до главната мерно-регулациска станица (ГМРС) која ќе биде лоцирана во планскиот опфат на село Сопиште.

При изработката на планската документација почитувани се мерките за заштита на животната средина и природата, мерките за заштита на културното наследство и мерките за заштита и спасување.

За планот дадени се општи и посебни услови за градење