УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО за ТУРИСТИЧКО РАЗВОЈНА ЗОНА, м.в. “Краста”, КО КАЛИШТА

Изградбата на ТУРИСТИЧКО РАЗВОЈНА ЗОНА, ќе биде во функција на развој и унапредување на економијата и инфраструктурната опременост во ова подрачје, а и има добра поставеност во однос на сообраќајните правци и текови во Р. Македонија.

Во близина има природно наследство, односно регистрираниот споменик на природата Охридско Езеро,  поради што треба да се предвидат соодветни мерки за заштита согласно Законот за заштита на природата и строго да се почитуваат режимите на заштита согласно валоризацијата дадена во Просторниот план на Република Македонија и Просторниот план на Охридско-преспански регион.

Предметната локација се наоѓа во опфат на просторот заштитен како светско природно и културно наследство во Охридскиот регион, заради што е потребно да се почитуваат одредбите соглсно Законот за управување со светското културно наследство во Охридскиот регион, како и одредбите на Конвенцијата на УНЕСКО и документите донесени од органите на оваа Конвенција.

Туризмот и угостителството со својата основна функција-прифаќање, сместување и истовремено задоволување на голем број разновидни барања и желби на туристите, влијае како врз вкупната економија и развојот на одредена средина, а исто така има изразено влијание и врз просторот во кој ја обавува дејноста. Туризмот со своето мултиплицирано влијание во процесот на стопанисување, посредно и непосредно, ги вклучува и другите гранки и дејности во вкупната понуда на туристичкиот пазар. Ова, пред сe, се однесува на угостителството, трговијата, сообраќајот, занаетчиството, здравството и на разни други видови услуги. Исто така, преку туризмот се нудат и се продаваат и нематеријални вредности, како што се: разни информации, обичаи, фолклор, забава, спортско-рекреативни активности и слично.

Планскиот концепт е поставен врз основа анализата на просторот, анализата на можностите за просторен развој и Планската програма. Планскот концепт е во директна зависност од природните фактори, посебно од конфигурацијата на теренот и од можностите за просторна композиција, односно естетско обликување на просторот.          Планскиот концепт е условен и од мерките за заштита на животната средина и природата и заштитата и спасувањето.

Може да се заклучи дека локацијата има особености на категорија на предел со природни и пејзажни карактеристики, кој го допира регионалниот пат Р1208.

Планскиот концепт е поставен на начин кој сето тоа го има како просторен услов. Целта на планскиот концепт е да изврши хармонизација на просторните природни услови и предвидените градби во функционална целина со естетска препознатливост.

Сообраќајниот концепт е основа за планскиот концепт. Програмските барања, постоечката и новопредвидената сообраќајна инфраструктура го услови планираното сообраќајно решение, кое е поставено во корелација со стандардите и нормативите за планирање на ваков простор. Поставката на постојната и предвидена сообраќајна мрежа во близина на планскиот опфат, битно влијаеше на поставката на интерната сообраќајна инфраструктура.

Приклучокот кон ТУРИСТИЧКО РАЗВОЈНАТА ЗОНА се предвидува со приклучна и исклучна трака на регионалниот пат Р1208.

Урбанистичкиот план вон населено место предвидува флексибилност на просторот што го услови внатрешното сообраќајно решение, кое е поставено во корелација со стандардите и нормативите за планирање за вакви комплекси. Големината на планскиот опфат е добиена врз основа на просторна анализа на градбите и нивната намена, условена од противпожарните нормативи, условите за движење на возила, движење на пешаците во внатрешноста на планскиот опфат и водење на секундарната инфраструктура.

Планскиот опфат го опфаќа подрачјето до патниот правец Струга-Калишта-Радожда на регионалниот патен правец Р1208 (стара категоризација Р420), а во близина и на магисталниот патен правец А2 (стара категоризација М4).

Урбанистичкиот план дава плански решенија за специфичната  функција и намена на просторот за изградба на Туристичко развојна зона покрај Охридското Езеро на м.в. Краста, КО Калишта во општина Струга на површина од 14,5 ха, која ќе овозможи развој на туристички, угостителски, спортско рекреативни, градежни, комерцијални, трговски и други деловни активности.

Со Урбанистичкиот план, се предвидуваат следните наменски употреби на земјиштето:

Групи на класи на намени:

  • Комерцијални и деловни намени – група на класа на намена Б ;
  • Зеленило и рекреација – група на класа на намена Д;

Развојната компонента на Урбанистичкиот план вон населено место за Туристичко развојна зона “Калишта” ќе овозможи создавање на трајни вредности за развој на туристичката дејност и одржлив економски развој на ова подрачје  од просторот на Република Македонија.

Развојниот пристап во планирањето на Туристичката развојна зона ги респектира законитостите на пазарната економија, слободна конкуренција,  приватната сопственост и влијанијата на глобалните економски текови со примена на стандардите на одржливиот развој и заштита на животната средина.

Од локациски аспект планските решенија во урбанистичкиот план се детерминирани од конфигурацијата на теренот, од инфраструктурните компоненти, пред сé од патната односно сообраќајна инфраструктура, водоводната, канализациската инфраструктура, електро-енергетскиот и телекомуникациските системи. Овие решенија треба да овозможат продукција на висококвалитетни услуги со цел задоволување на специфичните барања и потреби на идните корисници на просторот, односно на домашните и особено странските туристи.

Активирањето на овој простор ќе овозможи развој на повеќе дејности кои ќе продуцираат економски ефекти не само во областа на туризмот и угостителството, туку и во останатите дејности непосредно поврзани со изработката и ефектуирањето на урбанистички решенија и тоа: проектирањето, градежништвото, комуналните дејности, трговијата, сообраќајот, занаетчиството и др. Непосредниот ефект кој ќе произлезе со реализацијата на предложениот Урбанистички план ќе се рефлектира врз зголемено ангажирање на расположивата работна сила преку нови вработувања во дејностите предвидени со планските содржини.

Со реализацијата на Урбанистичкиот план ќе отпочннат инвестиции кои брзо ќе се рефлектираат врз зголемување на туристичкиот приход. Ваков вид Урбанистички план кој има значајна развојна компонента ќе придонесе за унапредување како на локалната така и на националната економија преку уредување на земјиштето опфатено со Планската документација и ефектуирањето на економската функција во доменот на угостителството, туризмот и рекреацијата, трговијата, културата, спортот, занаетчиството и др.

Атрактивноста на анализираниот простор во однос на просторните и амбиентални карактеристики придонесува за поголемо вреднување на планските решенија со што се зголемува и употребната вредност на Урбанистичкиот план за локацијата која се издвојува со своите посебни пејзажни обележја со визури према Охридското Езеро.

Реализацијата на планските решенија, односно изградбата на просторот ќе се одвива со изработка на Архитектонско-урбанистичките проекти.