Урбанистички план вон населено место за стопански комплекс со мала хидроелектрана на браната Градче со спортско-рекреативни и угостителски содржини

Планскиот опфат, за кој се работи урбанистичкиот план вон населено место, зафаќа површина од 5.978 Ха.

Предметната локација се наоѓа во непосредна близина на акумулацијата “Градче” (Кочанско Езеро) во Општина Кочани.

Предметниот простор урбанистички е оформен како Блок 1 чија градежна површина е составена од повеќе парцели со слична намена, кои пак се поделени на градежни парцели, како најмала единица на градежното земјиште, и на непарцелирано земјиште, односно градежно земјиште наменето за општа употреба.