Музеј на вода на Охридско езеро – локалитет Градиште, плоча Миќов Град

Географската положба, третманот на просторот – локалитетот Градиште, кој се наоѓа на источниот брег на Охридско езеро, на неговиот најатрактивен дел, сообраќајната поврзаност, односно близината на регионалниот патен правец Р-501 (Охрид – Св.Наум – Р.Албанија) одат во прилог на идејата за поставување локалитет “Музеј на вода” – музеј на археолошки артефакти од непосредното подводно археолошко наоѓалиште “Залив на коските”, реконструкција на предисториска палафитна населба и др., кој ќе придонесе за развој на туризмот и културното наследство, како во Охрид и непосредната околина, така и пошироко во Републиката и регионот.