ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ТЕХНОЛОШКА ИНДУСТРИСКА РАЗВОЈНА ЗОНА СТРУГА, м.в. “МАТОРНИК” КО МИСЛЕШЕВО општина Струга

Планскиот опфат претставува Државна урбанистичка планска документација за Технолошка индустриска развојна зона Струга, на локација  м.в. “Маторник”  КО Мислешево, општина Струга, со површина од 30,01ха.

Локалитетот на кој е предвидена Tехнолошко индустриска развојна зона (ТИРЗ) е поставен на 4,5км од градот Струга кон градот Охрид (клучка Подмоље), односно поточно од северна (десна) страна на магистралниот патен правец М-4 (Паневропски коридор – 8), делница Подмоље – Струга.

Сообраќајното поврзување на локалитетот (зоната) со основната патна мрежа на Република Македонија се предвидува со клучка во две нивоа со кои се овозможува едноставно и безбедно исклучување и приклучување на сообраќајните токови од и во магистралниот пат М-4 (Паневропски коридор – 8) од правец Струга – Охрид (клучка Подмоље). Сообраќајно поврзување на предметниот локалитет од правец  Охрид (клучка Подмоље) се предвидува преку планирана клучка на цца 2,0км западно кон Струга и планирана со ГУП за градот Струга, сообраќајница која се предвидува да се продолжи до планираната клучка.

Државната урбанистичка планска документација во овој степен на изработка на планската документација е усогласена со Просторнот план на Република Македонија и Просторниот план на Охридско-преспански регион,  како и Законот за заштита на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, Законот за управување со светското културно наследство во Охридскиот регион и одредбите на Конвенцијата на УНЕСКО, Законот за заштита на природата, на тој начин, што врз основа на режимите на заштита, се организирани активностите за разработка на планската документација и изградба на градби, кои ќе се  усогласат со барањата кои ги поставува одржливото користење на природата и современиот третман на заштита.

Планскиот опфат ја има следната наменска употреба на земјиштето:

  • Производство, дистрибуција и сервиси – класа на намена Г, доминантна наменска употреба на земјиштето во Зоната
  • Јавни институции – класа на намена В4, односно Царинска контрола со простор за терминал за тешки и лесни возила со управна зграда
  • Зеленило и рекреација – класа на намена Д2 (заштитно зеленило)
  • Комунална супраструктура – класа на намена Е2, односно главна мерно-регулациска станица (ГМРС).