ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ГРОБИШТА локалитет “КОЊСКИ РИД” ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ, СКОПЈЕ, ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2009-2014

Планскиот офат на Деталниот урбанистички план се наоѓа северозападно од населба Шуто Оризари, веднаш под новата обиколница на Скопје, на локалитет “Коњски рид” и има површина од 52,73ха.

Локација на гробиштата е дефинира со Генаралниот урбанистички план на Скопје и истата е одбрана согласно параметрите за земјиштето од еколошки, здравствено-санитарен, амбиентален, сообраќаен аспект и од аспект на оптимална оддалеченост од сите општини на Скопје, како и хидро-геолошките карактеристики на земјиштето.

Значајна детерминанта во планирањето претставуваат и податоците од виталната статистика за Градот Скопје кои покажуваат тенденции на зголемување на старосната граница на населението. Ваквите трендови ќе продуцираат повисоки стапки на морталитет во годините што следат.

Временскиот период за кој се планираат гробиштата согласно сите стандарди е за наредните 100 години од донесувањето на Генералниот урбанистички план.

Со Генералниот урбанистички план за Скопје, утврдено е дека на Скопје му недостасуваат околу 30ха површини за гробишта.

Во планскиот опфатот предвидени се посебни градежни парцели за:

  • мртовечница, капели, верски објект
  • мртовечници, крематориум
  •  површини за закоп, односно површини за гробни места
  • површини за розариум, колумбариум, стаклена градина за расејување на пепел и сл.,
  • мали комерцијални и деловни дејности и деловни дејности (ресторан со управна зграда)
  • мали комерцијални и деловни дејности (продавници на цвеќе, свеќи, погребна опрема и надгробни споменици-надвор од оградата на гробиштата)
  • сервиси, стоваришта (работилници за сервисирање и одржување, магацини и објекти за согорување на отпадоци)
  • трафостаница, бунари за техничка вода
  • подземна пречистителна станица