Генерален урбанистички план за Скопје – Плански период 2001 – 2020

Генералниот урбанистички план на град Скопје, во однос на претходниот Основен урбанистички план од 1985 година кој што беше план базиран врз принципите на договорната економија, е План што е изработен согласно принципите на пазарната економија во која се јасно дефинирани титуларите на сопственоста и односите во стопанисувањето.

Актуелниот Генерален урбанистички план на градот Скопје е план компатабилен со европските плански документи и го отвора процесот на континуирано планирање кое го овозможува новата компјутеска технологија.

Планот дефинира основни решенија на идниот развој на Градот во организација на просторот, неговата намена, користење и уредување. Истиот претставува основа за изработка на Детални урбанистички планови на пооделни градски целини и опфати и Урбанистички проекти. Со предложените решенија во ГУП-от се создава физичка, финкционална, економска и естетска целина на градскиот простор, која ќе овозможи повисок квалитет на условите за живот и работа на граѓаните и која кореспондира со барањата и потребите за вклучување во интеграционите процеси во регионот, државата и пошироко во просторот на Европа.

Со просторната  организација ќе се овозможи порамномерен развој на општините на градот Скопје; оптимализација на големината, структурата и функциите на градскиот организам во сообразност со условите и можностите на Градот; преиспитување на границите на урбаниот опфат, во однос на рационално користење на земјиштето во Градот и зачувување на земјоделското земјиште во регионот; рамномерен развој на содржини и функции, односно рамномерна просторна разместеност на стопанските и нестопанските капацитети; урбана реконструција и обнова како модел на решавање на субурбаните простори и застарените индустриски комплекси во градското подрачје; преиспитување на постојните просторни услови и зони на развој на индустријата и отварање на можности за нови просторни форми на организација на индустријата и другите работни активности; создавање на оптимална структура на производни дејности и сектори и нивна просторна алокација; примена на принципите на одржлив развој во согласност со планираните развојни потреби и можности; заштита на историскиот идентитет на Градот; вклучување на градителското наследство во урбаните простори, со посебен третман на Стара чаршија, простори на Скопско Кале, локалитет Скупи, простори со амбиентални вредности и објекти на територијата на Градот; организирање на поефикасен систем на јавен превоз на патници и стоки; развивање на институционален механизам за имплементација на планските решенија и соответен мориторинг, како сегменти на континуирано планирање.

Позначајна промена на границата на урбаното подрачје се предлага на јужната страна на Градот спрема падините на Водно. По падините на Водно над постојните изградени главно станбени структури, се планира јужна магистрална улица, со која просторите на парк-шума Водно ќе бидат по пристапни за граѓаните на Градот и како дооформување на вториот кружен прстен на градот. Оваа новопланирана улица воедно ќе го разграничува подрачјето на Градот од рекреативниот комплекс на парк-шума Водно. Се врши промена на границата на градската населба Радишани према северо-запад, за опфат од 30.00 ха. на иницијатива на општина Чаир. Промена на границата на урбаното подрачје се врши и на барање на Заводот за заштита културното наследство на град Скоје, на северозападниот дел од градот, односно просторот момеѓу “Зајчев рид” и северната пруга, се предлага во опфатот на градот да се вклопи и просторот на стариот град Скупи” како “Археолошки парк”, со што би се овозможила посоодветна заштита на прсторот.

 Со предвидените  плански решенија се овозмозува организацијата на градот Скопје да се насочува со примена на принципите на одржлив развој и зголемување на ефикасноста на управување и квалитетот на просторот.