Физибилити студија за организација на нова населба помеѓу миладиновци и св.николе

Основањето на нова населба во просторот меѓу Миладиновци и Свети Николе е идеја внесена во Програмата за приоритетна изработка на урбанистички планови на МТВ (2008 година), усвоена од Владата на Република Македонија. Основната цел на оваа студија е да ги испита содржините во наведениот простор, можностите за развој утврдени во планската документација, пред сe во Просторниот план на Република Македонија, да се обиде да го дефинира соодветниот просторен модел на населбата и да ги согледа позитивните, но и негативните ефекти од општествено-економскиот и законодавниот аспект.

Студијата детално ги третира просторно-планерските аспекти на процесот на основање и изградба на нова населба, преку кои се конкретизира општествената интенција за изградба на нова населба.

За поедноставување на сложените релации кои произлегуваат од воспоставената типологија на нови населби, и со неа поврзаните методолошки варијации на процесот, во студијата е воспоставена матрица на методолошки чекори кои треба да се превземат за реализација на различни видови нови населби.

Студијата содржи: анализа на домашни и меѓународни искуства во изградба на градови; анализа на просторот – природни карактеристики, население, еконономски состојби, инфраструктура, природно и културно наследство; можности за развој; просторен модел; плаузабилност и физибилност; SWOT анализа и заклучок.