ПРОГРАМА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРНИОТ ПЛАН НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2008 – 2010

Врз основа на член 3 став 1 од Законот за спроведување на Просторниот План на Република Македонија (Сл.весник на Република Македонија, број 39/2004), Владата на Република Македонија на седницата одржана на 12.02.2008 година донесе Програма за спроведување на Просторниот план на Република Македонија за периодот 2008-2010 години.

Со Програмата се одредуваат мерките, приоритетните активности, организационата структура и органите надлежни за спроведување на Просторниот план, како и финансиските средства потребни за спроведување на предвидените активности.

Програмава за спроведување на Просторниот план за периодот 2008-2010 година е прва од донесувањето на Планот, оттука произлегува и нејзината структура. Освен воведните напомени и институционалната поставеност и организација, даден е кус осврт и на дејноста просторно планирање во Република Македонија. Во одделно поглавие се издвоени основните цели и насоките за просторен развој дефинирани во Просторниот план на Република Македонија, а на крај се презентирани и активностите коишто ја сочинуваат програмата за спроведување на Планот