Согласно член 37 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 144/14 и 44/15) на конечниот предлог на:
- Генерален урбанистички план
- Регулациски план на генерален урбанистички план
- Детален урбанистички план
- Урбанистички план за село
- Урбанистички план вон населено место
- Државна урбанистичка планска документација
- Локална урбанистичка планска документација
- Урбанистичка планска документација за туристичка развојна зона
- Урбанистичка планска документација за автокамп
- Урбанистичко планска документација за градби од посебен интерес
како и на:
- Проект за инфраструктура,
се врши Стручна ревизија со која се утврдува дали истите се изработени во согласност со одредбите на горенаведниот Закон и прописите донесени врз основа на истиот.
Стручна ревизија за потребите на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, како и од заинтересирани правни и физички лица врши правно лице кое поседува лиценца за ревизија на урбанистички планови.