Изработка на урбанистички планови

Изработка на урбанистички планови, регулациски план на генерален урбанистички план, урбанистичко плански документации и урбанистичко проектни документации

Согласно  Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 144/14 и 44/15) изработување на:

  • Генерален урбанистички план
  • Регулациски план на генерален урбанистички план
  • Детален урбанистички план
  • Урбанистички план за село
  • Урбанистички план вон населено место
  • Државна урбанистичка планска документација
  • Локална урбанистичка планска документација
  • Урбанистичка планска документација за туристичка развојна зона
  • Урбанистичка планска документација за автокамп
  • Урбанистичко планска документација за градби од посебен интерес
  • Проект за инфраструктура
  • Архитектонско-урбанистички проект

можат да вршат правни лица кои поседуваат лиценца за изработување на урбанистички планови и Агенцијата за планирање на просторот.

Изработување на урбанистички планови, регулациски план на генерален урбанистички план, урбанистичко плански документации и Проект за инфраструктура се врши по одобрена Планска програма од  страна на градоначалникот на општината, градоначалникот на општината на градот Скопје,  односно градоначалникот на градот Скопје или Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.

Архитектонско-урбанистички проект е урбанистичко-проектна документација и се изработува по изработена Проектна програма заверена од барателот на архитектонско урбанистичкиот проект, кога на една градежна парцела во урбанистичкиот план (не во Генерален урбанистички план) односно урбанистичко-планската документација е утврден простор определен со градежни линии во кој е дозволено поставување на површини за градење на повеќе градби согласно со процентот на изграденост на земјиштето пропишан со стандардите и нормативите на урбанистичко планирање.

Со еден архитектонско-урбанистички проект  може да се формираат посебни градежни парцели:

  • кога во детален урбанистички план  е формирана парцела со површина од минимум 5ха во која е предвидена изградба на градби со намена за А (домување)
  • кога во детален урбанистички план, државна урбанистичка планска документација, локална урбанистичка планска документација и урбанистичко планска документација за градби од посебен интерес е формирана градежна парцела со површина од минимум 10ха во која е предвидена изградба на градби со намена В1 (образование и наука)
  • кога на една градежна парцела во детален урбанистички план  и урбанистичко планска документација е предвидена изградба на градби со намена Г (производство, дистрибуција и сервиси)
  • кога на една градежна парцела во детален урбанистички план и урбанистичко планска документација е предвидена изградба на градби со намена Д3 (спорт и рекреација)
  • кога се уредува простор со Државна урбанистичка планска документација за технолошки-индустриски развојни зони
  • кога се уредува простор со Урбанистичка планска документација за туристичка развојна зона, Урбанистичка планска документација за автокамп и Урбанистичко планска документација за градби од посебен интерес
  • при разработка на урбанистички план за село кога градежната парцела се состои од две или повеќе катастарски парцели или кога во рамките на една катастарска парцела се формираат две или повеќе градежни парцели или кога на една катастарска парцела се предвидуваат две или повеќе градби
  • при разработка на урбанистички план вон населено место кога градежната парцела се состои од две или повеќе катастарски парцели или кога во рамките на една катастарска парцела се формираат две или повеќе градежни парцели или кога на една катастарска парцела се предвидуваат две или повеќе градби
  • при разработка на општ акт кога кога градежната парцела се состои од две или повеќе катастарски парцели или кога во рамките на една катастарска парцела се формираат две или повеќе градежни парцели или кога на една катастарска парцела се предвидуваат две или повеќе градби

Со еден или повеќе архитектонско-урбанистички проекти може да се врши:

препарцелација, пренамена и формирање на нови градежни парцели, во рамките на технолошка индустриска развојна зона и во рамки на индустриска зона формирана од Владата на Република Македонија, како и промена на трасата на инфраструктурата и поместување на точките за инфраструктурни приклучоци во рамките на наведените зони.

Постапка за изработка на урбанистички планови, регулациски план на генерален урбанистички план, урбанистичко плански документации и урбанистичко проектни документации

Содржина на урбанистички планови, регулациски план на генерален урбанистички план, урбанистичко плански документации и урбанистичко проектни документации