Изработка на планска програма

Планска програма за планска документација, има за цел да обезбеди основа за воспоставување на систем на цели, стратегии и методи за изработување на истата, која што ќе претставува реална основа и гаранција дека новата планска документација ќе ги надмине проблемите коишто ја попречуваат реализацијата на соодветниот простор – подрачје. Истата  е практично анализа на начинот на спроведување и ги опфаќа и систематизира сите аспекти на реализацијата на планската документација.

Од суштинска важност за изработка на Планската програма е веродостојната и ажурната детекција на сите проблеми коишто влијаат врз квалитетот и квантитетот на планските реализации. Постојаната детекција на проблемите во спроведувањето на планската документација е единствената гаранција за вистинскиот избор на програмски барања коишто ќе бидат цел и стратегија на идната планска документација.

Согласно член 26 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 144/14 и 44/15):

  • Генерален урбанистички план
  • Регулациски план на генерален урбанистички план
  • Детален урбанистички план
  • Урбанистички план за село
  • Урбанистички план вон населено место
  • Државна урбанистичка планска документација
  • Локална урбанистичка планска документација
  • Урбанистичка планска документација за туристичка развојна зона
  • Урбанистичка планска документација за автокамп
  • Урбанистичко планска документација за градби од посебен интерес

се изработуваат врз основа на Планска програма со која се утврдува границата и соджината на планскиот опфат и истата се состои од текстуален и графички дел.

Планска програма за изработка на наведените урбанистички планови и  урбанистичко плански документации за потребите на правни и физички лица изработува правно лице со лиценца за изработување на урбанистички планови и Агенцијата за планирање на просторот.

Упатство за постапка за изработка на планска програма

Упатство за содржина на планска програма