Агенцијата за планирање на просторот отпочна со изработка на Методологија за изработка на Просторен план на Република Северна Македонија. За таа цел, претставници од Агенцијата за планирање на просторот и Министерството за животна средина и просторно планирање, во периодот од 29 октомври – 02 ноември, беа во посета на Кралството Холандија. Посетата беше организирана со цел да се запознаеме со најдобрите искуства и современите трендови во областа на просторното планирање.
Во рамки на посетата беа остварени средби со претставници од:
- Министерство за внатрешни работи и кралски односи – надлежно за просторното планирање, кое е креатор на политиките и визијата за просторен развој во Холандија;
- Холандската Агенција за проценка на животната средина – стручна институција која врши истражувања во повеќе области и
- Општината Ротердам, сектор за домување (урбанизам), која работи на планирање на просторот на регионално и локално ниво.








