УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦИ ПОВРЗАНИ СО НИПП

Агенцијата за катастар на недвижности-АКН во рамки на националниот гео-портал (НИПП геопортал), ги организира следните работилници на кои учествуваше АПП:

  • Работилница за креирање на метаподатоци за сите НИПП субјекти во РМ, поддржана од IMPULSE проектот-февруари 2017 година;
  • Работилница-тренинг во рамки на SPATIAL проект за НИПП-ноември 2017 година;
  • Работилница за креирање и публикување на WMS сервиси-јануари 2019 година;
  • Работилница за подигање на свеста за лиценцирање и ПСИ директива, поддржана од IMPULSE проектот-октомври 2019 година.

Агенцијата за планирање на просторот-АПП во делот на ГИС технологијата ги спроведе следните активности:

  • ажурирање на базите на просторни податоци за: Просторен план на Источниот плански регион и Просторен план на Националниот парк Пелистер,
  • ажурирање на WEB сервисите за: Просторен план на РМ и Услови за планирање.

Интерните WEB сервиси претставуваат добра основа за ГИС порталот на Агенцијата и нивно јавно публикување согласно INSPIRE стандардите.

Во следната табела се дадени мета податоци за усвоени просторни планови кои се наоѓаат на геопорталот на АКН:

http://nipp.katastar.gov.mk/geoportal/catalog/search/browse/browse.page