Состанок на координативното тело за изработка на новиот генерален урбанистички план за Скопје

Во просториите на Град Скопје на 04.02.2011 г. беше одржан состанок на координативното тело во проширен состав заедно со представниците на министерствата, општините од Градот Скопје и представници на претпријатијата кои стопанисуваат со инфраструктурните објекти. Од страна на Агенцијата, присутните беа запознати со технолошките иновации кои ќе се применат за изработка на новиот генерален урбанистички план за Скопје и почетните активности кои се превземаат за успешно извршување на задачата. Агенцијата е обврзана на Градот Скопје да му го испорача ГУП во електронски, векторски формат со база на атрибутни параметри што ќе овозможи веднаш по неговата изработка да биде достапен со целата своја содржина преку интернет како за институциите така и за граѓаните.