Просторен план за Националниот парк Галичица

Согласно новиот Закон за прогласување на дел од планината Галичица за Национален парк (Сл. весник на РМ бр. 171/10), во тек е усогласување на подготвениот нацрт Просторен план на Националниот парк Галичица со одредбите на овој Закон со кој како резултат на процесот на ревалоризација, дел од планината Галичица повторно се прогласува за Национален парк (за прв пат е прогласен во 1958 г.).