ПРОСТОРЕН ПЛАН ЗА НАЦИОНАЛЕН ПАРК ПЕЛИСТЕР

Во текот на јуни 2018 година, во просториите на Инфо центарот на Националниот парк Пелистер, Министерството за животна средина и просторно планирање – Секторот за просторно планирање, согласно своите законски надлежности и обврски, организираше Стручна расправа за Просторен план за Национален парк Пелистер–Нацрт план и Јавна расправа по Извештај од спроведена Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина од спроведувањето на Просторен план за Национален парк Пелистер – Нацрт-извештај.