Паметно управување со просторот за подобра иднина

Во организација на ГДи, на 02.06 и 03.06 оваа година во Опатија беше организирана регионална конференција на тема Паметно управување со просторот за подобра иднина со низа на панел дискусии и презентации за технолошки и информатички решенија во областа на Планирање и уредување на просторот во т.н. Паметни градови, Локални единици и Заедници.

Темите на панелните дискусии, на кои учествуваа претставници од Агенцијата за планирање на просторот,  беа: Улогата и значењето на националната инфраструктура на просторни податоци за просторното планирање; „Отворени податоци“ во планирањето; Технолошките основи во пресрет на плановите од новата генерација; Управување со просторот – претпоставка на одрживиот развој.