Имплементација на ИСО 9001:2008 стандардот за квалитет

Како резултат на повеќе месечните активности спроведени во Агенцијата, во текот на 2012 година, успешно беше воспоставен системот за управување со квалитет согласно ИСО 9001:2008 стандардот. За таа цел беа спроведени обуки на вработените, се документираа сите работни процеси, процедури и нивната интеракција, како и методите за нивна контрола, согласно барањата на стандардот. Врз основа на извршената проверка на функционалноста на системот за квалитет, Агенцијата доби сертификат за неговата успешна импелментација. Овие активности се дел од стратешките определби на Агенцијата за воведување на современи методологии на работа и постојано подобрување на квалитетот.