Изработка на Просторниот план на Источниот плански регион

Во тек е изработка на Просторниот план на Источниот плански регион поддржана од Програмата за зачувување на природата во Македонија, финансирана од Swiss Agency for Development and Cooperation (SDC), а координирана од Helvetass Swiss Intercooperation и Фармахем Скопје. Министерството за животна средина и просторно планирање ја координира целата постапка за изработка и ги спроведува процедурите на донесување на Планот согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање,врз основа на Меморандумот за соработка во кој се вклучени најзначајните засегнати страни. Центарот за развој на Источен плански регион како представник на единиците на локалната самоуправа кои припаѓаат на Источниот плански регион во функција на корисници на Просторниот план на Источниот плански регион учествуваат во процесот на изработка на Планот. Студиската основа на планот опфаќа изработка на 18 експертни елаборати, коишто се во фаза на изработка.