Измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање

Собранието на Република Македонија, го донесе новиот Закон за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ, 199/2014 и 44/15), кој стапува на сила на 1 Мај 2015.
Ова се побитните измени во новиот Закон за просторно и урбанистичко планирање:

  • Во законот како новина е дадена Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија да предложи ценовник за урбанистички дејности кој треба да го усвои Владата на Република Македонија
  • Законот воведува измени во постапката на донесување на урбанистички планови која сега ќе биде по електронски пат преку е-урбанизам
  • Намалена е една фаза во планирањето на Детален урбанистички план (ДУП) и други планови од понизок ранг. Планирањето во две фази (нацрт и предлог план) се задржува само за просторен план и за Генерален урбанистички план (ГУП)
  • Овластувањата за урбанизам, кои досега беа издавани на неопределено време, одсега ќе важат 5 години
  • Овластување за урбанизам може да добие само дипломиран инженер архитект со завршен VII¹ степен односно 300 ЕКТС (5 годишни студии)
  • Воведено е посебно овластување за ревизија на урбанистички планови
  • Правното лице кое изработува урбанистички планови, одсега наместо еден, треба да вработи двајца овластени планери

Детално се разработени причините поради кои може да се одземе овластувањето, се намалува субјективноста при одлучувањето за одземање на овластувања