Закон за повторно прогласување на Национален парк Маврово

Министерството за животна средина и просторно планирање отпочна постапка за донесување Закон за повторно прогласување на Национален парк Маврово. Одржана е стручна расправа по нацрт Законот. По донесување на новиот Закон и репрогласување на Маворо за заштитено подрачје од највисока категорија, работниот тим на АПП ќе продолжи со изработка на нацрт Просторниот план  на Националниот парк Маврово, за кој се изготвени експертски елаборати од 13 области. Изработката на Конзерваторските основи  е во завршна фаза.