Генерален урбанистички план на Град Скопје 2022-2032

Потпишувањето на Договорот за изработка на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2022-2032 помеѓу Министерството за транспорт и врски, Град Скопје и Агенцијата за планирање на просторот, го означи и почетокот на изработка на овој стратегиски значаен развоен документ.

Во креирање на планските решенија, преку вклученост на стручни лица од различни области, академската заедница, невладиниот сектор, и граѓаните (како поединци или преку единиците на локалната самоуправа), ќе се овозможи оптимално користење на просторот и обезбедување на сите функции на Скопје како републички центар.